Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не е на Христијан и Александар, лудо е ова што го прават – власта мора да падне час поскоро!
Македонија

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не е на Христијан и Александар, лудо е ова што го прават – власта мора да падне час поскоро!

25/09/2023

AA

Економијата е многу падната, а сиромаштијата зголемена, неправдата е голема и луѓето не можат да издржат, ова го изјави поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски преку видео повик од Будимпешта во емисија на порталот „Инфомакс“

„Постои големо незадоволство од актуелните политичари и овие од Власта кои се тешка катастрофа и за кои го охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да направат чекори со кои побрзо ќе ја срушат Владата, бидејќи една година чекање е многу, народот бега од Македонија ќе останеме без народ и луѓе“, изјави Груевски.

Тој рече дека е ова е прво видео интервју кое го дава по 2019 година. Требало да се појави во интервју за 360 степени кај новинарот Васко Попетревски, но немало технички можности, па затоа ја прифатил поканата на „Инфомакс“.

„Откако ме нападнаа овие денови од ВМРО-ДПМНЕ, јас се трудам да се воздржам, да не кажам некои работи кои ќе направат голема штета, јас имам многу информации и од времето кога сме биле заедно и потоа, но јас зборувам воздржано иако сум незадоволен за многу работи“, додаде Груевски.

Груевски рече дека важно е во моментов оваа Влада да падне, а да им се помогне на граѓаните.

„Јас до 19-ти септември до интервјуто на Груевски, немав ниту еден збор кажано јавно за Христијан Мицкоски со кои би направил штета, јас со многу нивни политики не се согласував и сега не се согласувам, но тоа не излегувам јавно да го кажувам за да не направам штета, затоа што промена на оваа Власт е потреба час поскоро и сега во ова интервју многу внимавам. Го споменавме Александар Николовски. За толку многу работи можам да му одговорам на Александар, да не може да се отплетка со месеци или на  Христијан и да се занимаваат само со мене. И да се чудат што ги снашло. Таа партија не е на Александар или Христијан“, додаде Груевски.

Екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека кога ја напуштил партијата имало 181 илјади членови. Водителот на емисијата тука сугерираше дека во моментов во партијата има 40 илјади членови.

„Ако им е битно да кажат дека еве го победиле Никола Груевски, океј еве нека кажат и дека сите на нивна страна застанале. Мене ми се јавуваат еден куп луѓе да застанат позади мене, но им реков не, дека не ми е идејата сега да ја рушам ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Груевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44851
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само еден, четири се под контрола

04/08/2026

На територијата на државата заклучно со 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, активен е

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули – приведени две

04/08/2026

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба: Се врши хиперхлорирање

04/08/2026

Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење и за подготовка на храна, туку смее да се користи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy