Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груевски: Уставобранителите треба веднаш да бидат ослободени, целта на нивниот прогон беше да се скрши отпорот на народот
Македонија

Груевски: Уставобранителите треба веднаш да бидат ослободени, целта на нивниот прогон беше да се скрши отпорот на народот

28/01/2023

AA

Вчерашната иницијатива на адвокатите на луѓето кои низ политички монтиран процес ги осудија на долгогодишни затворски казни за случајот “27. април” е добра, но не целосна и не со соодветно образложение, вели поранешниот премиер Никола Груевски.

„Прво, сите осудени во овој процес треба да бидат ослободени веднаш и без одлагање, без селективност и без очекување дека во случај на повторено судење ова заробено и во еден дел криминално судство, со чест на исклучоците, кое не случајно е со 4% доверба на јавноста, ќе постапи поинаку од претходно или поинаку од насоките кои ќе ги добие од оние кои владеат со нив.

Еден дел воопшто не требаше да бидат судени и осудени бидејки не сторија кривично дело.

Дури и оние кои имаа несоодветно однесување и насилство, јасно е дека најголемиот дел од нив согласно законот требаше да добијат условни казни како што започна да постапува ОЈО пред смената на власта и еден помал дел евентуално можеа да добијат не поголема казна од половина од времето кое веќе го поминаа во затвор.

Второ, вистинското образложение кое веројатно адвокатите не го напишале за да ја одоброволат власта да го подржи Законот за амнестијата треба да биде дека луѓето кои се неправедно и свесно со погрешни обвинителски квалификации неправедно осудени, се дел од политички монтиран процес, после очигледно посакуван инцидент од оние кои со однесувањето во парламентот го предизвикаа истиот, со цел да се скрши демократскиот отпор на народот кон она што беше јасно дека следува и што потоа на политички план се случи во Македонија.

Да не заборавиме дека инцидентот се случи одкако претходно новото мнозинство на актуелната власт на незаконски и неуставен начин избра претседател на собранието.

Целта очигледно беше потоа да има судење со лажни и уценети сведоци од страна на обвинителството и власта кои во еден дел беа осудени на база на претпоставки и лажни квалификации на обвинението, па наместо докази во услови на против уставно, противзаконско и спротивно на Деловникот на парламентот делување на тогашната опозиција во Парламентот, намерно темпирани токму во време и саат кога пред собранието веќе 60 дена имаше мирни протести, а со цел со цел да се исценира инцидент и потоа да се доделат драконските казни кои произлегоа од невистинита квалификација за наводно нивно терористичко загрозување на уставниот поредок.

Преку тоа, целта беше да се заплашат сите граѓани на Македонија и политичките елити и да се одвратат од можни јавни реакции и протести во пресрет на престојното менување на уставот во 2018/2019 заради менување на уставното име и бришење на АСНОМ од уставот, како и менување на името на македонската нација, јазик, идентитет и менување на историјата веднаш по инсталирањето на марионетската влада на СДСМ, која само за да добие власт која се покажа дека ја посакувале заради криминални мотиви, беше подготвена на секакви предавства на националните интереси и неправди на Македонците на кои подоцна бевме сведоци.
Времето покажа дека сомнежите и причините на народот во тогашните мирни протести на граѓаните биле повеќе од оправдани и се што во тој момент денес веќе владејачката СДСМ негираше, веќе го спроведе, побрутално и понеповолно за Македонија дури и од најцрните тогашни сценарија, а наскоро истото ќе го повтори.
Се покажаа и дека судијката Добрила Кацарски која ги осуди нив а го ослободи Заев од обвинение за барање мито, како што политички а не како чесен судија пресуди во уште неколку други случаи кои произлегоа од политичкиот прогон, како што јавно го кажав тоа уште во 2018 година дека ќе се случи, го правела тоа од лична корист за крупно унапредување како награда за нанесените неправди на голем број луѓе., па на тој начин доби подршка за позиција член а потоа и претседател на уставниот суд“, додава Груевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy