
Груби спектакуларна најава на Ахмети во Чаир
Првиот вицепремиер Артан Груби на својот Фејсбук профил спектакуларно го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на митингот закажан за утре во Чаир.
Тој напиша дека сите чаирчани се на нозе и зборувале дека тој доаѓа и ќе оделе да го слушнат неговото обраќање.
„Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте го, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг од кој ќе се гради иднината“, напиша Груби
Партијата и официјално го најави митингот во Чаир кај спортска сала Шабан Трстена со почеток во 19:00 часот.
Инаку, ДУИ деновиве го промовираше слоганот „Тој доаѓа“.