Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени
Македонија

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

21/03/2023

AA

Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Ако ВМРО-ДПМНЕ е определена за европска Македонија тогаш ќе се придружи на уставните измени, изјави вечерва првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Тој, во Топ тема на Телма телевизија рече дека денеска разговарале во Владата за уставните измени, но и претходно формирале тим кој работи на оваа проблематика.

-Не да сум оптимист, убеден сум дека ќе успееме, планот ни е одличен, многу амбициозен и реален за имплементација и реализација. Знам дека има скептици, сакате гола математика и да броите пратеници како да се стигне до 80, но знаете дека досега се што сме кажале испаднало така и дека се реализирало, кажа Груби.

Груби посочи дека ќе се договорат многу едноставно, како што се договориле минатиот пат со ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе бидеме кративни, флексибилни и сметам дека ќе се изнајде решение за овој проблем, но не мислам дека треба да има методи како уцени, не сум за тоа, но ние сме лидери кои треба да донесеме храбри одлуки кои се непопуларни за нас, но за добро на државата, рече Груби.

Според него, за сите храбри одлуки што ги направиле сме биле наградени како општество.

-Единствено што ни преостанува од големте компримиси се уставните измени со што всушност македонскиот народ добива најмногу, конечно се одделува од бугарскиот народ, нагласи Груби.

Груби смета дека вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, а не позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити. Тој додаде дека веќе месец и пол имаат активности во огранокот во Чаир, а на состаноците со подограноците имале повеќе од 200-300 луѓе.

Прашан каков ќе биде понатаму односот кон Огнените и кон нивните барања, кои рекоа дека не биле поканети на синоќешниот настан, Груби рече дека има несогласувања во ДУИ, но потенцира дека не треба да има посебна покана.

За голчето во неговиот Кабинет, Груби кажа дека му е подарок од Фудбалската федерација на Македонија, а баскетот му е донација од Перо Антиќ. Ракометната топка, додаде, му е од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy