Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозоморнo убиствo без преседан! Спасовски ветува дека МОНСТРУМОТ ќе биде изведен пред правдата
Македонија

Грозоморнo убиствo без преседан! Спасовски ветува дека МОНСТРУМОТ ќе биде изведен пред правдата

04/12/2023

AA

Утрово се одржи прес конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител, Габриел Бубевски.

Во продолжение целото соопштение на Спасовски:

„МВР во координација и под водство на ЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот, откако вчера се добија информациите, се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Иако, за жал, разрешницата не нѐ доведе до исходот кој го посакувавме сите ние и целата македонска јавност, да ги пронајдеме живи, туку двете лица, и малолетничката од Скопје и 74-годишното лице од Велес вчера беа пронајдени од полицијата, убиени и закопани – првото во околината на Скопје, а второто во околината на Велес. Затоа, дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите за оваа огромна загуба. Ова го велам во свое име, во име на секој еден што учествуваше и работеше во откривањето на овие кривични дела, и во име на сите врабтени во МВР.

Но, преземените опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Скопје нѐ доведоа до сторителите на ова грозоморно кривично дело без преседан – тие се утврдени, приведени и за нив по извршените вештачења и искази се собрани материјални докази.

Поточно, во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три е веќе определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, (татко на малолетничката), е приведено, со него е извршен распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на ЈО. Како што сте веќе запознати, мотивот е користољубие, при што едно од лицата, во договор и со знаење според првичните сознанија, на член на семејството, го организирало извршувањето на кривичното дело, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката, од кои понатаму сите инволвирани би имале материјална корист.

Што се однесува до другата жртва, повозрасното машко лице од Велес, кое нема никаква врска со малолетничката, директно лицето и малолетничката од Скопје, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, а неговото возило „цитроен“ е одземено и употребено при извршување на кривичното дело, за потоа ова возило да биде пронајдено опожарено. Токму со тоа возило е земена малолетничката и тоа во влезот на зградата, односно живеалиштето, откако претходно според исказите на осомничените нејзиниот татко споделил информации со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од домот.

Секако, главен организатор, а воедно и извршител кој со пиштол на 27.11. според досегашните утврдени докази некаде околу 10:00 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата веднаш истрага од страна на полицијата, е лицето кое ја напуштило државата непосредно по стореното кривично дело. По него се трага. Можам да ви ветам дека ќе сторам сѐ јас и институцијата, ова лице, или подобро овој монструм, на кое му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата.

Сакам да искажам уште еден став во објаснувањето зошто синоќа немаше прес-конференција. Зошто детално беше претходно образложено, меѓутоа изјавите, пишувањата дека било неработен ден на МВР и ЈО, ги третираме како една неодговорност во овој момент затоа што ниту МВР ниту ОЈО немаат ниту работно време, немаат ниту слободни денови, напротив во секој еден момент може да се излезе и да се соопшти, меѓутоа тој момент мора да биде вистински во вистинско време, кога ќе се завршат и утврдат сите аспекти, бидејќи никако во работење на полицијата не може да стане збор за инстант ПР. Важно е да се мисли на членовите на семејствата и на сите луѓе кои работат неколку дена и до рано сабајле се утврдуваат сите овие аспекти и докази.

Во текот на вчерашната вечер оставивме да се завршат активностите во кои СВР Скопје беше навлезен веќе во последната четвртина, да се изврши и последниот вчерашен распит и неколку претреси синоќа за кои се чекаа неопходните судски наредби. Веќе е познато на јавноста дека СВР Скопје веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, ги презеде сите мерки и активности за нивно пронаоѓање, формираше посебен Оперативен штаб, извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, со познаниците, со пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи, а истовремено, речиси секојдневно се боревме и со шпекулации, дезинформации и со лажни вести.

Сакам да кажам дека станува збор за изолиран случај, инцидентен случај, на организирана група од криминалци, бандити, монструми, кои сакале да изнудат пари заради финаниска корист, а притоа го познавале семејството. Покрај на медиумите за професионалното известување, сакам да се заблагодарам и на добронамерните граѓани кои сакаа да помогнат во истрагата со десетиците пријави, по коишто полицијата веднаш излегуваше да ја провери веродостојноста на секој од нив и дас е провери нивната основаност. Но, и посебна благодарност на нашата полиција, скопската и велешката, кои неуморно се вложија да ги изнајдат исчезнатите и успеаја за рекордно брзо време да расчистат вака прецизно испланирани брутални кривични дела и да ги пронајдат телата. И воедно да се заблагодарам на целиот тим на обивнители, со основниот јавен обвниители со коишто паралено работевме, преку комуникација, преку издавање потребни наредби и преземање на низа мерки да се расчисти случајот.

И уште еднаш, наспроти шпекулациите и дезинформациите за етничка заднина на случајот, со цел подгревање меѓуетничка нетрпеливост, должен сум уште еднаш да напоменам дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“, истакна Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
Македонија

КОСКИТЕ НА САМУИЛ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ОСТРОВОТ „СВЕТИ

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45963
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во Росоман

03/10/2026

Заклучно со 29. септември во Македонија се регистрирани вкупно 71 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје. Од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy