Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Стоп на романтичарството кое ни носи сиромаштија и нереални имагинации
Македонија

Грозданов: Стоп на романтичарството кое ни носи сиромаштија и нереални имагинации

01/12/2025

AA

Стоп на романтичарството кое ни носи сиромаштија и нереални имагинации како функционира едно општество, порачува во својата последна колумна, машинскиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов во која ги анализира последните поместувања во светската политика во однос на рударството и минералните суровини.

„Во геостратегиските ситуации се поизвесно е кој е победник, а кој поразен ама во енергетска и рударска смисла. Американците им ги отстапуваат рудниците на истокот од Украина на Русите и таму вредноста не е во милијарди ниту пак во трилиони, напротив во трилиони милијарди евра. За возврат Русија се откажува од своите инвестиции за нафта и нафтени производи од земјите кои се под интерес на Американците. Таков пример имаме во нашето соседство со Нафтената Индустрија на Србија која што и да направи во наредниот период, добрите познавачи на овој бизнис предвидуваат загуба од еден милион евра дневно. Затоа Србија носи закон со кој што се овозможува да вложи 1.4 милијарди евра во НИС и да постави свое раководство“, пишува Грозданов.

Потсетува дека држави како Шведска, Грција работат веќе на големи рударски проекти кои треба да ја снабдуваат Европа со клучните минерални суровини и да ја направат независна од Кина. Но, во Македонија, според Грозданов, и покрај големиот потенцијал со рудно богатство, за што пример го посочува проектот за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, се уште не се преземаат конкретни чекори да се искористи тој потенцијал и да се стави државава на геостратешката мапа кога станува збор за минералните суровини.

„Експертите веќе ги потврдуваат количините на злато, ама она што е најважно таму има огромни количини на бакар, кој Европската Унија го прогласи за стратешки метал. За овој рудник почетната инвестиција е 350 милиони евра и директни и индиректни вработувања од 3.500 лица на територијата на струмичката котлина. Или пак само од процентот за концесиски надомест во општините Босилово и Ново Село каде е лоциран рудникот годишно би се слевале од 10.5 милиони евра, а од оваа сума 10 проценти или во евра 1.05 милион евра годишно за заштита на животната средина согласно новото законско решение. На потег е државата дали ќе комуницира со научно-образовани професори од областа на геологијата, рударството, металургијата и макроекономијата кои јас ги нарекувам личности со Висок Интелектуален Потенцијал или со несоодветно образовани личности спремни за еколошки манипулации кои немаат претстава како да ја напишат хемиската формула за водата“, вели Грозданов во колумната.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy