Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грковска: Законот за борба против допингот е финализиран, очекувам консензус за негово брзо усвојување
Македонија

Грковска: Законот за борба против допингот е финализиран, очекувам консензус за негово брзо усвојување

17/01/2024

AA

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше работен состанок со претставници на Светската анти-допинг агенција (WADA), со цел да се интензивира постапката за усвојување на Законот за борба против допингот и негово спречување, што е обврска за нашата држава според меѓународниот анти-допинг код.

Грковска информираше дека нацрт-текстот на овој закон е веќе подготвен и следи негово усвојување од страна на Владата, на предлог на Министерството за правда. Таа изрази надеж дека во Собранието ќе има консензус за негово донесување по брза постапка, за да не се дозволи да бидеме една од трите земји во Европа кои немаат ваков закон.

Вицепремиерката Грковска посочи дека ни спортот не е имун на корупција, а поради неговото огромно влијание и големиот потенцијал преку него да се промовираат интегритетот, еднаквоста и правдата како водечки принципи во заедницата, сите релевантни чинители мора да водат сметка за регулативите и процедурите, доколку вистински се цели кон тоа спортот да ја исполнува својата благородна мисија во општеството, а не да биде извор на појави кои ја разјадуваат неговата смисла и цел.

Себастијан Жило, одговорен за Светската анти-допинг агенција во Европа, изрази задоволство од досегашната соработка со институциите кои се вклучени во изработката на законот, како и од иницијативата на вицепремиерката Грковска за забрзување на процесот на негово усвојување. Со оглед дека претстои период на избори, Жило истакна дека Светската анти-допинг агенција би ценела доколку законот се донесе пред почетокот на изборната кампања, бидејќи во спротивно постои опасност да се загрози учеството на нашите спортисти на меѓународните спортски настани.

На средбата се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој се заблагодари за поддршката во подготовката на законот до колегите од анти-допинг организациите од регионот, и ги појасни клучните одредби од овој закон, со кој Националната антидопинг комисија, која моментално функционира во рамки на АМС, ќе прерасне во посебна организација, согласно меѓународните стандарди.

На средбата присуствуваа и директорите на анти-допинг организациите од Србија и Австрија, директорот на Канцеларијата на претседателот на WADA, координаторот за НАДО-МК, како и претставници на Министерството за правда и Агенцијата за млади и спорт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy