Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Слушнале ли домашните еко активисти  зошто нивните колеги од Европа поддржуваат отварање нови рудници?
Македонија

Слушнале ли домашните еко активисти зошто нивните колеги од Европа поддржуваат отварање нови рудници?

17/01/2024

AA

Европските еко активисти ја поддржуваат одлуката на ЕУ за отварање нови рудници. Тие рекоа – ДА за одлуката на Брисел за постигнување на климатските цели до 2050 година. Унијата се стреми да биде климатски неутрална и да има економија и индустрија со нула емисии на штетни гасови.

За сето ова да се случи Европската Комисија одлучи да го помогне рударството на континентот за побрзо изнаоѓање на клучните метали кои служат за производство на електрични автомобили, ветерници, фотонапонски централи и друго. Унијата не сака биде зависна од трети страни за увоз на одредени метали, па затоа направи и листа на критични минерални суровини за кои ќе бидат олеснети дозволите за експлоатација. Меѓу нив се литиумот, кобалтот, бакарот и други. Еко-активистите потсетија дека Европската Унија го поддржува одговорното и етичко рударство.

„Веќе се промени перцепцијата кон рударството. За да се оствари транзицијата кон климатската неутралност ни треба масовно производство на електрични автомобили, ветерници, батерии… Ова е единствено возможно ако имаме доволно количество на ресурси на литиум, никел, кобалт и други минерали. За да ги имаме овие метали навистина ни се потребни повеќе рудници“, вели Питер Тим Џонс, директор на Лувен Институтот за одржливи метали и минерали, автор на книги и климатски активист.

Европската Унија реши засилено да го поддржи рударството и поради пресметките на Меѓународната агенција за енергетика, кои говорат дека дури и ако ЕУ ги рециклира сите батерии до 2040 година тоа ќе покрие само 10% од потребите за нов бакар, кобалт и никел за нови батерии во 2040 година. Оттаму, покрај рециклирањето ќе бидат потребни и нови рудници, кои преку одговорна експлоатација на метални минерали ќе се користат во зелени цели.

„Кога купувам месо сакам да знам дека е произведено на најдобриот можен начин. Истото важи и за другите индустрии и производи што ги употребуваме. Сакаме да знаеме дека металите што се употребуваат за изградба на домашните ветерници, се експлоатирани на најдобриот можен начин. Тоа е етичко и одговорно рударство во исто време“, изјави Марија Ниберг од Секторот за внатрешен пазар и индустрија во Европската Комисија.

Угледниот магазин „Фајненешл Тајмс“ веќе започна и рудниците ширум Европа да ги вбројува во листата на зелени компании. Климатски лидер, според магазинот, е рудникот Аиден во Шведска и ќе прерасне во целосно зелена компанија до 2050 година. Станува збор за рудник за бакар со отворен коп, кој е најголем извор на овој метал во Европа.

„Ние користиме помалку реагенси, воедно тежнемее тие да се биоразградливи… За нас исто така јаловината не е отпад, туку ресурс за производство на еко-градежни материјали, како што е цементот. Се водиме по пристапот на нула-отпад и блиску сме тоа целосно да го постигнеме“, изјави Андерс Санд, директор на шведската компанија Болиден во чија сопственост е рудникот за бакар Аиден.

Ваквиот пристап наиде на поддршка кај активистите.

„Технички, одговорното рударство во Европа е перфектно изводливо. Можеме да создадеме автономни приливи на критични метали и можеме да го преобразиме рударскиот отпад во градежни материјали со ниска содржина на јаглерод“, оценува екологистот Питер Тим Џонс.

Според последните податоци, во Европа изминатава декада се нема отворено рудник, а дел од клучните метали зависат од увоз од Русија. Во Македонија пак оваа бројка е далеку повисока. Во земјава нов рудник се нема отворено изминатите 40 години, а со низа пречки се соочуваат сите најави за инвестиции во рударството. Компаниите посочуваат дека најголем проблем претставува правната несигурност, која пак е предизвикана поради притисоци од дел од јавноста. Изминатиов период нереализирани останаа најавите за рудник за бакар на Кожув на канадската фирма „Резервоар минералс“, потоа рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот конзорциум Сардич, а сега се очекува да се дознае дали мразот ќе го скрши инвестицијата за рудник за бакар во Иловица на канадската компанија Трафигура.

Дел од светските новинарски истражувачки мрежи, како што е „Белингкет“, насетуваат руски интерес во позадина. Според нив, во земјава се откажани концесии на четири западни компании. Во статијата директно се споменуваат и имиња на еко-активисти од Македонија.

„Ангел Наков ги води кампањите против западните комерцијални проекти како што е канадската ‘Резервоар Минералс’ на планината Кожув и рударскиот проект Казандол.. Тој, исто така, е главен поддржувач на едно од здруженијата против рударството, кои водат кампања против концесијата за рудникот Иловица-Штука“, пишува во текстот.

Рускиот медиум „Инсајдер“ исто така пишува дека Кремљ долго време се подготвувал да придобие контрола над Македонија.

„Еден од најактивните на ова поле беше Крум Велков, кој е отворен промотор на руските интереси во Македонија. Велков и неговиот соработник Ангел Наков водат кампања против западните рударски компании како канадската Reservoir Minerals или украинско-британската Сардич. Тој ги поддржува и локалните невладини организации што го напаѓаат проектот за рудник за бакар Иловица. Сите овие проекти моментално се во мирување. Крум Велков е автор на антизападни написи на заговор на веб-страниците на ‘Геополитика’ и на веб-страницата на ‘аналитичкиот центар’ Катехон, кој е раководен од Константин Малофеев, Сергеј Глазиев и генерал Решетников“, пишува Инсајдер.

За разлика од колегите еко-активисти од Европа, дел од домашните беа организатори на протести против отворање на рудници, иако и Европската Унија и европските невладини организации кои се бават со заштита на животната средина повикаа на одговорно рударство, со цел да се исполнат целите за климатски неутрална Европа до 2050 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy