Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРЦИЈА ПО СЕ ИЗГЛЕДА ЈА СПРЕЧИ АЛБАНИЈА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Разочарувањето се гледа во пишувањата на албанските медиуми
Регион

ГРЦИЈА ПО СЕ ИЗГЛЕДА ЈА СПРЕЧИ АЛБАНИЈА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Разочарувањето се гледа во пишувањата на албанските медиуми

13/12/2023

AA

Европската Унија не одреди датум за отворање на поглавјата за Албанија. Тоа се случи, по се изгледа, од две причини – интервенцијата на Грција во досието „Белери“, но и политичката ситуација во земјата, јави Ора њуз, објавувајќи и копие од документот.

-Советот потсетува дека политичкиот, инклузивен и конструктивен дијалог во земјата останува суштински за унапредување на усвојувањето на реформите поврзани со ЕУ, стои во заклучоците на Советот на министри на ЕУ.

Според eruronews.al во заклучоците на Советот на министри на ЕУ се нагласува дека: „Советот со нетрпение очекува да ги преземе следните чекори во пристапниот процес на Албанија и отворањето на првата преговарачка група што е можно поскоро“, но без да ги наведе причините за одложување на отворањето на преговорите.

Советот позитивно ги нотира конкретните резултати постигнати со специјалните структури против корупција и организиран криминал и континуираната добра соработка со агенциите за спроведување на законот и земјите-членки на ЕУ.

-Мора да продолжат напорите да се создаде солидна историја во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Потребна е и зголемена соработка во истрагите, вклучително и Европската канцеларија за борба против измами, се наведува во соопштението.

Советот ја повикува Албанија да продолжи со напорите за понатамошно зајакнување на заштитата на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување, како и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата. Советот охрабрува спроведување на сеопфатна реформа на земјишниот сектор и консолидација на правата на сопственост на транспарентен начин, вклучително и одржување на консултации со сите релевантни чинители, вклучително и решавање на случаи на фалсификување документи и забрзување на процесот за регистрација и компензација. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45943
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е ОДНАПРЕД ДОНЕСЕНА Адвокатката на Јованов

02/10/2026

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на дскотеката „Пулс“, Дејан Јованов  Деко, реагираше на новата истрага за поткуп и повторното

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат разумен рок за враќање на

02/10/2026

Платформата 12.05 денеска во архивата на СДСМ ги достави предлозите за структурни промени во партијата. Платформата „Разговори за иднината во

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА Урсула фон дер Лајен повторно

02/10/2026

Европската комисија се фокусира на деблокирање на пристапниот процес за Македонија, по што би можеле да следуваат и конкретни патокази

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy