Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ АЦЕ ЦИГАНОТ Убиството од пред 28 години било застарено, Боцевски ќе продолжи да изнајмува соби
Македонија

ГРЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ АЦЕ ЦИГАНОТ Убиството од пред 28 години било застарено, Боцевски ќе продолжи да изнајмува соби

27/11/2025

AA

Аце Боцевски, познат како Аце Циганот, македонски државјанин кој речиси три децении беше баран со европска потерница за убиство, нема да биде екстрадиран во Македонија. Солунскиот суд одлучил дека случајот е застарен и му ја укинал мерката притвор, објави грчката агенција АНА-МПА.

Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор.

Боцевски, кој денес има 60 години, беше уапсен во мај годинава во Катерини, каде што живеел подолг период. Тој бил осуден на 15 години затвор поради убиството на 37-годишниот Сеат Ибраими во ноември 1997 година, но веднаш по пуштањето од притвор избегал во Грција.

Според документите од македонското обвинителство, Боцевски намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога Ибраими излегол од возилото да ги види оштетувањата, бил застрелан. Судењето се одржало една година подоцна, но осудениот веќе не бил достапен за издржување на казната.

Пред солунскиот суд, Боцевски тврдел дека бегството било поради политички притисоци, дека работел во обезбедувањето на претседателот Киро Глигоров и дека се чувствувал загрозено. Во меѓувреме, во Грција изградил нов живот и сопствен бизнис со изнајмување соби во областа Пиерија.

– Тој, преку своите адвокати, изјави дека во тој период служел во личното обезбедување на тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров и дека бил на мета од политички причини. Според неговите тврдења, бил задржан во притвор 90 дена, по што бил пуштен на слобода, а потоа избегал со пасош издаден од властите на неговата земја и се преселил во Грција – пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Грчките судии го одбија барањето за екстрадиција од македонските власти со образложение дека казната е изречена пред повеќе од две децении, па според нивното законодавство – делото е застарено.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy