Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грција ќе го гради најголемиот деловен центар во областа на логистиката во Југоисточна Европа
Македонија

Грција ќе го гради најголемиот деловен центар во областа на логистиката во Југоисточна Европа

06/11/2023

AA

Во Грција ќе се гради најголемиот „паметен“ и „зелен“ логистички центар во Југоисточна Европа, објави грчкиот сајт „Нафтемборици“.

Грчкиот министер за развој Костас Скрекас најави дека индустриската област Триасио до главниот град на Грција Атина ќе стане еден од најмодерните логистички паркови во Европа.

Паркот ќе има 42.000 квадратни метри терминален простор за контејнери, 5.740 метри железнички пруги, 165 паркинг места за камиони, како и фотоволтаични единици од 10 мегавати со систем за складирање од 7 мегавати.

Според Скрекас, ова е проект кој „ќе ја воспостави Грција како транзитен логистички центар од меѓународно ниво, нудејќи пристап до најсовремена дигитална инфраструктура и иновативни решенија за автоматизација на магацините“ и ќе придонесе за развојот на грчката економијата.

Во проектот ќе бидат инвестирани 220 милиони евра и преку него ќе се отворат илјадници работни места, додаде министерот за развој.

Ова ќе биде втора по големина приватна инвестиција во префектурата Атика, Централна Грција, истакна извршниот директор на трговскиот центар Триасио, Василис Мангларас. Според него, проектот „ќе се развива на модерен и одржлив начин за општеството, економијата и животната средина, за да и служи на развојната перспектива на земјата“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy