Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градоначалникот на Карбинци кон Спасовски: Со нервозена и потење пред камерите, граѓаните не се чуствуваат безбедни
Македонија

Градоначалникот на Карбинци кон Спасовски: Со нервозена и потење пред камерите, граѓаните не се чуствуваат безбедни

06/12/2023

AA

На одговорност синоќа на прес конференција повика МВР Оливер Спасовски кон лицата кои вчера пренесоа дека во општина Карбинци имало обиди за киднапирање на деца.

Меѓу нив, Спасовски го спомена и градоначалникот Виктор Паунов. Тој утрово преку друштвените мрежи му врати на Спасовски дека со како што пишува тој нервоза и потење пред камери, граѓаните не се чуствуваат безбедни.

Во продолжение интегрално го пренесуваме Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Карбинци.

Јавноста во Македонија мора да ја знае вистината!

Во текот на вчерашниот ден во ООУ ,,Страшо Пинџур” Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило 2 ученици од 9-то и 6-то одделение. Од исказите на учениците и сведоците но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид.

Кои биле мотивите?

Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на ,,кафе” со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто?

Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид.

Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани.

Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап.

Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
Македонија

СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Од вторник температурите ќе

21/11/2026
Македонија

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ СЕ ДОСТАПНИ И ЗА МЛАДИТЕ Забраната на хартија

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46869
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Мицкоски најави почеток на изградбата

21/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата.

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет е и отпадот што се

21/11/2026

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во другите земји што не

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри детали дека покрај телото бил

21/11/2026

Нови детали за случајот со 38-годишниот маж кој утрово беше пронајден мртов на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на скопското

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy