Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градоначалникот на Бутел добил закани: „Ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот“
Македонија

Градоначалникот на Бутел добил закани: „Ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот“

01/07/2023

AA

Ова го истакна советникот во општина Бутел претставник на политичката партија Алтернатива, на вчерашната седница на советот, читаше од некој друг напишано писмо па ми се обрати на таков начин.
Од како го прашав што тоа значи, почна да ретерира дека било метафора.

Тој истиот советник кој вчера едвај го прочита од друг напишаното писмо, веќе година ипол од мене бара работи кои се исклучително поврзани со негови лични потреби и за неговото најблиско семејство. Секако дека имам докази за истакнатото и секакко дека не добил ништо од тоа што побарал за личен интерес. Од човек кој гледа лична корист сега наеднаш стана бранител на албанските интереси и тоа на исклучително лажен начин со манипулации.

Советниче, како и вчера така и денес да ти порачам тебе, и на сите останати кои се закануваат од позади тастатура, сте ја утнале адресата, вашите закани се смешни и кукавички, односно далеку од чин кој му прилега на маж.

Закани, провокации и останати нецивилизирани постапки кај мене ниту поминале до сега, ниту некогаш ќе поминат. Стравот не постои како опција во мојот ментален склоп. Убеден сум дека тоа ви е кристално јасно.

Криминалци, бандити, насилници и слично, за мене биле и ќе останат најдолниот човечки ред, тие истите пред година ипол ги оставивме општината да ја гледаат од публика. Така ќе биде и следниот мандат.
Гледам дека ДУИ/Соравија особено се вознемири, најверојатно затоа што во мене го немаат претходниот градоначалник па со тоа не можат да рекетираат, изнудуваат и да прават што сакаат во општината. Морате да разберете дека доколку продолжите лажно да обвинувате за национализам, сигурно и наредниот мандат ќе бидете само публика, повторно ќе ме молите за средба, и повторно ќе ве победиме сите на куп, но овој пат уште посилно.

ДУИ/Соравија место да се занимава со манипулации и да си го лаже својот народ, до сега во овие 20 години нивна власт, требаше да им донесе вода на жителите од Љуботен, но тоа не е нивен приоритет, ниту па се способни тоа да го направат, тоа ќе го направиме јас и ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори победив со огромна поддршка, тоа значи и огромна одговорност према граѓаните на Општина Бутел. Граѓанските интереси се мој врвен приоритет, општината се развива подеднакво во сите населени места, без разлика на вера и нација, а најмалку без разлика на политичка припадност. Работам и таму каде што добив најмалку гласови.

Токму тоа ве боли, тоа што во Општина Бутел за година ипол се сработи како за десетина наназат, тоа што Бутел брзински се менува и тоа што граѓаните тоа сериозно го препознаваат овој начин на работа. До крајот на мандатот не очекуваат голем број капитални и помали проекти кои од како ке бидат реализирани, Општина Бутел ќе биде сосема поинакво место за живеење од она што го познаваме од претходно.

Не го залажувајте чесниот народ, тој сака просперитет и поквалитетна иднина за своите деца, не лаги и активности за ситни политички поени. Јас сум градоначалник на сите граѓани, тоа и ќе останам.
Продолжувам уште по донамично, по креативно и со многу повеќе елан за работа.

Го сакам Бутел ❤️

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ОБЈАВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ, ДАРКО КОСТОВСКИ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy