
Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги оставаат вработените во ЈСП без плата, а граѓаните без превоз
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да тераат инает со граѓаните. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да ги остават вработените во ЈСП Скопје без плата а граѓаните на градот Скопје без превоз, се вели во испратеното соопштение од Град Скопје.
„ВМРО-ДПМНЕ се деструктивна партија која нема слух за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје се изживува со луѓето без грам совест и без грам одговорност. Ова е скандалозно, непринципиелно и нечовечки“, додаваат од Град Скопје.
