Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните со блокади: Со колите заработуваме за леб, државата да ни овозможи усно полагање
Македонија

Граѓаните со блокади: Со колите заработуваме за леб, државата да ни овозможи усно полагање

04/02/2026

AA

Бранот протести на граѓаните од ромска националност денеска се прошири со блокади на клучните патни правци кај Плетвар и на излезот од Битола кон Ресен.

Демонстрантите бараат итно укинување на законските измени за одземање на возилата доколку се управуваат без возачка дозвола, посочувајќи дека овие мерки директно ја загрозуваат нивната егзистенција.

Учесниците во протестите нагласуваат дека старите возила, кои често чинат по неколку стотици евра, им се единственото средство за работа. Со нив тие преживуваат собирајќи отпадно железо и пластика или вршејќи такси превоз до населбите каде што редовните такси-служби одбиваат да возат.

„Ние од тие коли живееме. Имаме по 4-5 деца, плаќаме струја и вода. Ако ни ја земат колата, остануваме дома гладни“, порачаа демонстрантите од Плетвар.

Главниот проблем за многумина од постарите припадници на ромската заедница е немањето завршено основно образование, што е законски услов за добивање возачка дозвола. Демонстрантите бараат државата да најде начин да им овозможи полагање на оние кои се неписмени, но знаат да возат.

Се предлага воведување на усно тестирање за лицата кои не знаат да читаат.

Бараат дозвола за управување возила и без завршено училиште, со образложение дека „имаат појако искуство во главата отколку самата дозвола“.

Демонстрантите велат дека за возачите кои пијат или користат дрога треба да следува затворска казна, но возилото да не се конфискува бидејќи со него се храни целото семејство.

Протестите кои денеска предизвикаа сообраќаен колапс на патот Прилеп–Градско и Битола–Ресен нема да запрат. Граѓаните најавуваат дека блокадите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, сè додека не бидат повикани на разговор со надлежните за да се најде решение за нивните барања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy