Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ И ДА КУПУВААТ ИЗГРАДЕНИ СТАНОВИ СО ДОКУМЕНТИ Ако се случи инвеститорот да се откаже, бидува проблем
Македонија

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ И ДА КУПУВААТ ИЗГРАДЕНИ СТАНОВИ СО ДОКУМЕНТИ Ако се случи инвеститорот да се откаже, бидува проблем

25/12/2025

AA

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект.

– Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да го кажам за да внимаваат оние што инвестираат, односно купуваат. Би ги советувал да купуваат готови, односно изградени станови кои можат да ги видат, кои се пред нив физички, со важечки имотен лист, во згради кои имаат употребна дозвола затоа што има шпекулација на пазарот и ми е страв дека таа шепекулација може во еден момент да пукне, односно да ни се случи да има инвеститори кои не можат да ги износат проектите кои ги почнале. Мислам дека е фер ова да го кажам – вели Николоски.

Според него, власта не може ништо да направи по ова прашање бидејќи, како што истакна, локацијата за градба е на инвеститорот, има соодветен ДУП, платил комуналии, гради со важечка дозвола…

– Но, доколку нема средства да го заврши објектот може да настане проблем докoлку граѓани купуваат станови кои не се изградени, кои физички не можат да ги видат – рече министерот за транспорт.

Според него, постои тенденција на пораст на цена на метар квадратен станбен простор пред се во неколку урбани центри, и тоа, како што вели, се користи  шпекулативно, бидејќи пазарот тоа го дозволува.

– Имено се работи за тенденција на поскапување која се случува во неколку урбани центри во државата, како урбаното јадро на Градот Скопје и на неколку други урбани јадра, пред се тука би сакал да го споменам Тетово, Штип, до некаде Струмица и Охрид во оној дел кој е повеќе поврзан со туризмот. Имаме една друга тенденција во која имотите обезвреднуваат во остатокот на државата што не носи продолжување кон лоши трендови кои траат со децени, односно се централизира државата или функционираат неколку поголеми јадра, а остатокот се празни. Имаме внатрешна миграција која оди град село и која оди од субурбани во ураби средини и факт е дека тоа се случува. Дали тоа се користи шпекулативно, да, се користи затоа што тоа пазарот го дозволува – рече Николоски во одговор на пратеничко прашање за тоа дали се преземаат мерки за ублажување на поскапувањето на цените на станбениот квадрат.

Што и да се преземе, според Николоски, не може да се очекува дека било која мерка би донела до пониска цена на квадрат на становите, тоа е невозможно.

Но, како што нагласи, она што може да се преземе е да се ослободат младите од комуналии за изградба на куќи, да им се даде поевтино земјиште, нешто што веќе го прават повеќе општини, како и да се градат социјални станови за најранливите категории.

Дополнително – истакна тој – Собранието веќе разгледувало данокот на прв промет на стан да остане 5 отсто, што , како што истакна, колку толку ќе ја реалаксира цената, затоа што ако се зголемел на 18 проценти дополнително ќе влијаело на апсолутната вредност на становите. Свесно се откажуваме од дополнителен приход за колку толку да се влијае на намалувањето на порастот на цените.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy