Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „5 до 12“ за судството: Собранието ќе носи закон ден пред Нова година, а Судскиот совет „пуст“ – нема кворум за седница
Македонија

„5 до 12“ за судството: Собранието ќе носи закон ден пред Нова година, а Судскиот совет „пуст“ – нема кворум за седница

25/12/2025

AA

Додека пратениците се подготвуваат за „фото-финиш“ гласање на еден ден пред Нова година, највисокото судско тело во државата е блокирано поради одмори. Ова е парадоксот што деновиве ја одбележува правосудната сфера.

Во вторник, на самиот истек на годината, Собранието треба да го помине филтерот на второто читање и да го изгласа Законот за Судски совет. Како што најави претседателот на Собранието, Африм Гаши, целта на овој закон е конечно да се комплетира составот на Судскиот совет, кој долго време функционира со намален капацитет.

И додека законодавниот дом брза да донесе законско решение во пресрет на празниците, во самиот Судски совет владее „празнична атмосфера“ предвреме. Вчерашната 534-та седница беше одложена бидејќи во салата се појавија само шестмина членови.

Претседателот на Советот, Александар Камбовски, беше принуден да ја одложи седницата и најави дека дополнително ќе се утврди нов датум. Ова се случува во момент кога јавноста очекува институционална ефикасност и расчистување на состојбите во судството, а наместо тоа добива административни паузи.

Потребата од носење на овој закон беше изгласана кон средината на овој месец. Со гласањето закажано за вторник, власта прави последен обид во оваа календарска година да ги постави правните темели за пополнување на испразнетите места во телото кое треба да ги контролира судиите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА: СВР Охрид најавува отворен ден

05/05/2026
Македонија

МВР со детали за обезбедувањето на Мицкоски: Ја претепал сопругата,

05/05/2026
Македонија

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за

05/05/2026
Македонија

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче

05/05/2026
Македонија

Напад од кучиња скитници во Гостивар, 19-годишна девојка тешко повредена!

05/05/2026
Македонија

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

05/05/2026
Македонија

Мицкоски: И покрај критиките од вчера, стојам на ставот дека

05/05/2026
Македонија

Односот меѓу централната и локалната власт под лупа – гости

05/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43080
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА: СВР Охрид најавува отворен ден на пристаништето и избор на

05/05/2026

Со низа пригодни манифестации, Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид и Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ ќе го одбележат

МВР со детали за обезбедувањето на Мицкоски: Ја претепал сопругата, следува и суспензија од МВР

05/05/2026

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против 39-годишен полициски службеник, поради основано сомнение

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување

05/05/2026

На 5 мај 2026 година се одржа редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy