Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните бараат чисти улици, а фрлаат цела покуќнина на улица: Потребна ли е комунална полиција во општините
Македонија

Граѓаните бараат чисти улици, а фрлаат цела покуќнина на улица: Потребна ли е комунална полиција во општините

18/12/2023

AA

Македонија се гуши во отпад, посебно во кабаст отпад кој граѓаните не сакаат или не се во можност да го одложат на депонии наменети за таков вид на ѓубре. Дел од нив се неинформирани, дел од нив го исфрлаат ѓубрето од своите домови веднаш откако комуналните претпријатија ќе исчистат.

„Која храброст ја имал нашиот сограѓанин, па преку ноќ на место каде стои табла со ,, забрането одлагање на отпад”, ја исфрлил целата покуќнина. И ова не е на периферијата на градот, не е на некоја дива депонија, ова е скоро во центарот на градот, на 10 сетина метри од оградата на ОУ,, Кире Гаврилоски-Јане“ објави ЈКП Комуналец Прилеп за една случка неодамна во центарот на градот.

Случајот е пријавен од страна на јавното претпријатие во инспекторатот на општината, но тешко дека казна за поединец ќе ја подигне свеста кај сите граѓани.

Во Скопје пак, освен граѓаните, несовесни се и приватнитре превозници кои го собираат градежниот шут и заработуваат врз неинформираноста на граѓаните.

Граѓаните во општина Гази Баба ангажираат приватни превозници за собирање на градежниот шут кои речиси никогаш не го носат отпадот во легална депонија туку го исфрлаат каде ќе им текне. За овие услуги некои граѓани плаќаат и по 4.000 денари не знаејќи притоа дека нивниот отпад не е е одложен во депонијата Вардариште, објавија екоактивистите од скопската општина.

Жител на општината се јавил на оглас за да му го соберат кабастиот отпад после реновирање. Отпадот завршил две улици подолу.

„-Комшо си го исчистил отпадот од реновирање? – Да. Се јавив на оглас. Дојде камионче за 4000 се ми собра и шут и стар мебел. – А тој каде го фрла отпадот? – Не знам и не ме интересира. Важно јас да си исчистам дома.
Твојот отпад комшо е две улици подоле. Ти си исчистил но општината е се позагадена. Почитувани граѓани. Кога ќе се јавите на лица кои го зимаат вашиот отпад, тој никогаш не завршува во легална депонија бидејќи тие таму треба да платат. Тој завршува во вашето соседство“, пишуваат активистите.

Отпадот граѓаните можат и самите да го достават до претоварната станица на КХС во Вардариште со што би биле сигурни дека нема да заврши пред некоја зграда или ограда на куќа, но дел од жителите не сакаат да преземат иницијатива и одговорноста ја префрлаат на општината и инспекторатите иако се свесни дека казна од 50 евра нема да ги одврати превозниците.

Но, граѓаните не знаат дека општините имаат услуга за носење на кабаст отпад која варира од 800 до 1500 денари во зависност од комуналното претпријатие и дека може овој отпад да заврши на наменска депонија во општината.

Нередот во неконтролирано фрлање на отпад и создавање диви депонии на секој агол може да се намали со воведување на комунална полиција која ќе ги казнува граѓаните по истиот принцип како што се казнуваа пушачите кои фрлаа отпушоци на улица, идеја која неодамна ја соопшти министерката за животна средина, Каја Шукова.

Идејата, според министерката за животна средина е, комуналната полиција да може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место. Шукова смета дека не е проблемот дали државата и локалните власти ќе интервенираат и ќе чистат, туку и да остане чисто и понатака. Особено тоа важи за местата како националните паркови, за каде е воспоставена пракса да се чистат депониите, но повторно се формираат.

„Контрола има постојано, но проблем ни е казнувањето. Кога одиме во земјите на ЕУ, кога ќе помине нашата граница за жал, поинаку се однесуваме. Мислам дека, како што се однесуваме во тие земји треба да се однесуваме и дома. Не е прашањето дали треба да се казнуваме. Треба да ја подигнеме малку јавната свест, дека фрлајќи го отпадот си правиме штета самите на себе, бидејќи ние тука живееме, ние тука опстојуваме, тука ќе живеат и нашите деца“, изјави министерката Шукова при неодамнешната посета на тетовското село Туденце.

Идејата генерално ја поддржуваат дел од општините и невладините организации. Тие сметаат дека овој концепт е добар на хартија и може да ги воспита граѓаните кои не сакале да се едуцираат. Но, еколозите сметаа дека пред да се воведе комунална полиција треба да се информираат граѓаните каде тој отпад треба да се фрли и во исто време властите да означат посебни локации за тврдиот отпад.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека ова прашање ќе биде поставено на дневен ред на следната седница на Управниот одбор и ќе бара поддршка од сите градоначалници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
Македонија

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43568
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна политичка офанзива

31/05/2026

На Петтиот партиски конгрес, крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села официјално го промени своето име во Албанска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy