Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОТОВО Е: „СКОПСКИ ПАЗАР“ МУ ГО ПРОДАДЕ ОБЈЕКТОТ БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ ЗА 9 И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА – ова се деталите
Економија

ГОТОВО Е: „СКОПСКИ ПАЗАР“ МУ ГО ПРОДАДЕ ОБЈЕКТОТ БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ ЗА 9 И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА – ова се деталите

11/06/2024

AA

Преку информација на Берзата, потврдена е информацијата за која Фактор пишуваше уште пред подолг период. 

Имено, Скопски пазар му го продаде објектот на Бриколаж на германскиот синџир маркети Лидл, за сума од над 9 и пол милиони евра.

Тоа компанијата го објави како голема зделка со заинтересирана страна. 

Всушност, објавено е дека станува збор за продажба на недвижен имот во општина Гази Баба, а токму таму се наоѓа објектот на Бриколаж. 

Познато е дека се објавуваат големи зделки кога вредноста на зделката (вклучувајќи, без
ограничување, заем, кредит, залог, гаранција)
или меѓусебно поврзани зделки, доколку таквата
зделка, односно зделки се однесуваат на
стекнување или на отуѓување, или на можно
отуѓување, директно или индиректно на имот на
друштвото чијашто вредност изнесува над 20 отсто од книговодствената вредност на имот на
друштвото определена врз основа на
последните финансиски извештаи на
друштвото, со исклучок на зделки извршени во текот на редовното работење на
друштвото, зделки поврзани со стекнување
преку запишување обични акции на друштвото,
и зделки поврзани со стекнување на
конвертибилни обврзници, како и други зделки
определени во статутот на друштвото како
зделки на кои ќе се применува постапката на
одобрување на големи зделки, на начинот
определен со Законот за трговски друштва. 

Како што објавија од компанијата, вредноста на оваа зделка е во апсолутен износ 9.564.485 евра
без вклучен ДДВ (или 588.911.166
денари без вклучен ДДВ).

Станува збор за релативен износ на 9,3 отсто во однос
на вредноста на имотот на друштвото,
односно 25,04 отсто од вредноста на
капиталот и резервите на друштвото
определени врз основа на последните
финансиски извештаи на друштвото.

„Цената соодветставува со пазарната
вредност на таков тип на зделки“, се вели во објавата од Скопски пазар, и се нагласува дека страни во зделката се Скопски пазар и Лидл Северна Македонија. 

Нина Нинеска-Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy