Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот почна да гори веднаш по активирањето на прскалките
Македонија

Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот почна да гори веднаш по активирањето на прскалките

25/02/2026

AA

Пред Судот сведочеше и Алберто Миладинов, кој кобната ноќ бил присутен во дискотеката и го снимал настапот кога избувнал пожарот.

Тој изјави дека во 02:32 часот биле активирани прскалките на сцената, момент кој, како што рече, е забележан и на видеото што го снимал.

„Ги снимав пејачите и на крајот од видеото се гледа како дел од таванот почнува да гори. Кога започна рефренот се вклучија прскалките и тогаш се запали дел од плафонот“, сведочеше Миладинов, додавајќи дека според неговото набљудување токму од нив започнал пожарот.

Тој посочи дека во првите моменти присутните не реагирале веднаш, бидејќи мислеле дека станува збор за сценски ефект.

„Останавме на масата и снимавме, мислевме дека е некаква анимација. Дури кога пејачот повика да излеземе надвор, почнавме да се упатуваме кон излезот“, рече сведокот.

Според неговото сведочење, пожарот многу брзо се проширил, а во објектот настанала голема гужва.

„Прво мислевме дека лесно ќе се изгасне и дека забавата ќе продолжи, но огнот брзо се ширеше. Температурата нагло се зголеми, беше многу жешко и загушливо, чадот беше густ и тешко се дишеше“, изјави Миладинов.

Во обид да излезе, успеал да ја помине првата врата, но кај втората почнал да губи свест.

„Некој ме фати и ме извлече надвор. Можеби беа луѓе од обезбедувањето, но не сум сигурен. Подоцна го слушнав гласот на мој другар кој бараше помош“, сведочеше тој.

Миладинов додаде дека две покрупни лица го извлекле од објектот, но нагласи дека не може да препознае никого од присутните во судницата како лица кои му помогнале.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците сѐ повеќе купуваат онлајн, но најчесто трошат на облека

25/02/2026
Македонија

САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата

25/02/2026
Македонија

Семејно насилство во Гостивар: Маж ја истепал сопругата

25/02/2026
Македонија

Утре протест во Крива Паланка за проблемот со кравите!

25/02/2026
Македонија

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес

25/02/2026
Македонија

Пијани татко и син физички се пресметале во семејниот дом

25/02/2026
Македонија

ГО СНИМИЛ ПОЧЕТОКОТ НА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, МИСЛЕЛ ДЕКА Е

25/02/2026
Македонија

Талески: 600 евра минимална плата не е само бројка, тоа

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41931
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците сѐ повеќе купуваат онлајн, но најчесто трошат на облека

25/02/2026

Онлајн купувањето во Македонија продолжува да расте, но навиките на граѓаните покажуваат јасна концентрација во неколку категории производи и услуги.

САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата „Нет без хејт“ ќе ги

25/02/2026

Иницијативата #NetWithoutHate – Нет без хејт, која е започната пред две години, е дел од пошироката и долгогодишна соработка меѓу УНИЦЕФ и

Семејно насилство во Гостивар: Маж ја истепал сопругата

25/02/2026

На 25.02.2026 во 02:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.М.(52) од Гостивар, постапувајќи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy