Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОРИВАТА СО ПОВИСОКИ ЦЕНИ, РКЕ со нова одлука, еве по која сума ќе се продаваат по полноќ
Економија

ГОРИВАТА СО ПОВИСОКИ ЦЕНИ, РКЕ со нова одлука, еве по која сума ќе се продаваат по полноќ

20/02/2023

AA

Регулаторната комисија за енергетика ги зголемвуа цени на нафтените деривати во просек за 0,92 отсто во споредба со претходната одлука.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,733 проценти, кај дизелот за 0,860 отсто, кај екстра лесното масло за 2,010 проценти и кај мазутот намалување за 0,630 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,712 проценти – соопштуваат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 денари за килограм.

Од 21.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС                        95 82,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС                         98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)                  77,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)           76,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                      42,262 (денари/килограм)


Од РКЕ потенцираат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
Македонија

Разбојништво на плоштадот во Охрид: Со остар предмет нападнати тинејџери

02/08/2026
Македонија

Тошковски: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и

02/08/2026
Македонија

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол

02/08/2026
Македонија

Ахмети со честитка за Илинден: Слободата се гради врз еднаквост,

02/08/2026
Македонија

Утрово спасувачка акција кај манастирот Св. Илија во Струмица, мајка

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44811
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои двајца тешко

02/08/2026

На 01.08.2026 во 09:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај клучката за кичевското

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026

На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа претепала вработена

02/08/2026

На 01.08.2026 во 10:45 часот во Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид  од слобода е лишен 48-годишен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy