ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува дека бил предизвикан веднаш по минување на воз
Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп.
Како што информираат од ЈП „Комуналец“ пожарот избувнал крај железничката пруга во близина на Стопанскиот двор на Комуналец.
Нема никаква опасност и не може пожарот да префрли и да го загрози платото за доселекција на селектираниот отпад, уверуваат надлежните од ЈП „Комуналец“. На терен се дејствува со неколку противпожарни возила на територијална противпожарна единица од Прилеп и со вработени од Комуналец, кои дејствуваат со цистерни и градежна механизација.
Според информациите на јавното комунално претпријатие, пожарот е предизвикан веднаш по поминување на возот на релација Прилеп -Битола.
Од Стопанскиот двор во Комуналец зафатен е мал дел, исклучиво покрај пругата. Пожарот веќе е ставен под целосна контрола, а засега не се познати причините за настанувањето на пожарот.
.
Извор: plusinfo.mk