Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Горчлив старт на европското поглавје на Алкалоид, Војводина слави во Скопје! (ФОТО)
Спорт

Горчлив старт на европското поглавје на Алкалоид, Војводина слави во Скопје! (ФОТО)

17/10/2023

AA

Европското досие на Алкалоид почна со пораз, со 26-31 од Војводина, вечерва во „Јане Сандански“, на отворањето од Европската лига. Српскиот шампион победи на искуство, константност и на грешките на својот домаќин.

Конечниот резултат не ја раскажува приказната на целиот натпревар или, барем на второто полувреме, кога резултатот варираше од плус седум до само еден разлика во корист на Војводина. Сето тоа се должеше на променливоста во играта на Алкалоид, како најгласен симптом на недостатокот на искуство.

Во последните 10 минути од мечот, српскиот шампион влезе со предност од 27-20, што најчесто значи дека конечниот исход е јасен, но избраниците на Кире Лазаров не мислеа така. Го заштитија својот гол во следните седум минути, период во кој направија серија од 5-0, благодарение и на три важни интервенции на Благојче Трајковски.

Беше 25-27 кога неговиот колега, Андреј Трнавац фати удар од контра на Мартин Серафимов, а две минути подоцна десниот бек не реализира пенал. Тука беше крај на надежите за некаков пресврт, а разликата порасна до конечни плус пет. Во текот на второто полувреме двапати дојде до седум позитива за Војводина, пред се поради „црната дупка“ некаде во периодот од 38. до 39. минута, кога Војводина се одлепи на 26-19.

Осцилации имаше и во првиот дел, во кој Србите подобро почнаа и ја градеа разликата до 10-5 во 17. минута. Алкалоид имаше големи проблеми во нападот. Првиот гол од игра го постигна дури во осмата минута, но тој беше од контра, а првиот од организиран позиционен напад дојде дури во 15. минута. Сепак, се разбуди по 20. минута до кога имаше осум постигнати гола и осум технички грешки. До крајот на полувремето успеа да го смени изгледот на мечот и да направи 13-15 на паузата.

Во офанзивата одлични беа Иван Џонов со осум гола и Марко Митев и Арно Бинго со по пет, додека Трајковски заврши со девет одбрани на голот. Неговиот пандан, Трнавац имаше 12, а Воркапиќ беше прв стрелец со осум. Она што падна во очи на конечната статистика се дури 15 технички грешки на Алкалоид во целиот меч.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy