
Голема тепачка по полноќ на влез на скопско село
Денеска (06.08.2025) околу 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влезот во село Огњанци, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Р.(49) и А.Р.(48), од една страна и Б.Ќ.(33), Р.Б.(19), И.Б.(19) и Р.Б.(40), од друга страна, сите од с.Огњанци, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.