Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно
Економија

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

18/04/2025

AA

Грчкото Министерство за труд издаде нови насоки за правилна
имплементација на Дигиталната работна картичка во секторите туризам и
угостителство, која стана задолжителна од 1 март 2025 година. Оваа одлука доаѓа
по пилот-проектот започнат во септември 2024 година, со кој работодавачите
добија рок од пет месеци да се прилагодат на новите правила.

Дијалог со
социјалните партнери и подготовки на терен

Во периодот на имплементација, министерот за труд и
социјална сигурност, Ники Керамеос, спроведе интензивни консултации со
претставници на работодавачите и работниците во овие сектори. Во оваа рамка беа
организирани бројни вебинари и информативни активности низ цела Грција, со
учество на генералниот секретар за работни односи, Никос Милапидис.

Врз основа на коментарите и предлозите собрани од терен,
новата верзија на упатството вклучува дополнителни појаснувања специфични за
работата на овие активности.

Дигиталната картичка
ги штити работничките права и фер конкуренцијата

Дигиталната работна картичка е клучна алатка за заштита на
правата на вработените, бидејќи обезбедува плаќање во согласност со реалното
работно време. Исто така,
ефикасно се бори против непријавената и делумно декларирана работа, со што ги
штити и работниците и компаниите кои работат чесно.

Според последните податоци на информативниот систем „ЕРГАНИ“,
во секторите каде картичката е веќе имплементирана, е забележан пораст на
пријавени прекувремени часови за повеќе од 815.000 часа во однос на периодот
пред нејзиното воведување.

Еден и пол милион работници под заштита – покриени над
150.000 компании

Во моментов, овој систем веќе опфаќа 750.000 вработени во
банки, супермаркети, осигурителни компании, фирми за обезбедување, јавни
претпријатија, индустрија и малопродажба. По вклучувањето на туризмот и
угостителството, бројот на заштитени работници ќе се зголеми на околу 1,5
милиони, а вкупниот број на компании кои го спроведуваат системот ќе надмине
150.000.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy