Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голема полициска акција во Скопје, се конфискуваат десетици тони дрога
Македонија

Голема полициска акција во Скопје, се конфискуваат десетици тони дрога

05/02/2026

AA

Голема полициска операција е во тек во просториите на фирмата „Алфа Фарм“, лоцирана во поранешната фабрика Охис. Акцијата доаѓа како директен одговор на истрагата за петте тони марихуана кои неодамна беа запленети во Србија, за кои тамошните власти потврдија дека потекнуваат токму од Македонија.

Полициските сили влегоа во кругот на фабриката пред околу еден час. На терен се забележани неколку камиони и комбиња, што укажува на тоа дека полицијата се подготвува да изнесе огромно количество марихуана.

Според првичните проценки, количината пронајдена во магацините би можела да ја надмине онаа што беше запленета во Србија.

Фирмата „Алфа Фарм“ е релативно нова на пазарот, формирана во 2023 година, додека лиценцата за одгледување марихуана за медицински цели ја добила во март 2024 година.

Еден од сопствениците на фирмата веќе е уапсен од српските власти по откривањето на пратката. Другиот сопственик моментално е во бегство и по него се трага.

Оваа акција доаѓа по денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека истрагата ќе разоткрие катастрофални размери на нелегално работење.

Премиерот истакна дека се очекува во магацините низ државата да бидат пронајдени десетици тони марихуана која незаконски се складирала и се пуштала во промет, надвор од строгите протоколи за медицинска употреба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy