Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голем руски напад со дронови врз Харков: 21 лице загина и многу повредени
Македонија

Голем руски напад со дронови врз Харков: 21 лице загина и многу повредени

27/03/2025

AA

Расте бројот на повредени во големиот руски напад со дронови врз Харков. Досега 21 лице загина, соопштија итните служби.

Првично пријавени беа деветмина повредени, но локалните власти сега велат дека бројот на настрадани е повеќе од двојно зголемен.

Олех Синјехубов, гувернер изјави дека во нападот биле оштетени семејни домови, станбена зграда, автомобили и производствена хала.

Доцна синоќа руските сили извршиле масовен напад со дронови врз Харков, вториот по големина град во Украина. Службите за итни случаи на социјалните мрежи соопштија дека нападите предизвикале четири пожари во центарот на градот и објавија слики од пожарникари кои се борат со пламените јазици покрај купишта урнатини. Се наведува дека нападите предизвикале сериозни оштетувања на зградите.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека имало најмалку 12 напади со дронови врз градот кој е честа цел на руската војска, и се наоѓа на околу 30 километри од границата.

Харков се одбрани од заземање во првите недели од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, но често е цел на дронови и проектили. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy