
Голем пожар кај прилепското село Дабница – огнот се шири кон манастирот Трескавец
Пожарот кој попладнево избувнал кај прилепското село Дабница сѐ уште гори и според првични и неофицијални информации зафатил поголема површина на земјиште.
Неофицијално, се претпоставува дека пожарот е предизвикан од палење на кабли.
Од самиот град Прилеп може да се забележи густ чад, а според информации од терен, огнената стихија се шири кон манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“.
Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта или утрешниот ден од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

