Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец кон Шапка
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец кон Шапка

15/02/2026

AA

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонија пат.

Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот бил во целосен прекин.

АМСМ информира дека од 05:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – велат од АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе, со 31 Mаврови Анови. Во Охрид наврнале 29 литри дожд, Скопје-Зајчев Рид 21, Попова Шапка 17, Kрушево 16, Битола 15, Скопје-Петровец 13, Ѓуриште 12, Крива Паланка 11, Прилеп 9, Претор и Велес 8, Гевгелија 7, Берово и Тополчани 6,  Виница и Струмица 4, Штип 3, Кавадарци и Демир Капија 2, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

На Попова Шапка температурата во 7 часот изнесувала -1 степен, 1 во Mаврови Анови, 2 во Лазарополе, 4 во Kрушево, 5 во Тетово и Прилеп, 6 во Скопје-Петровец, Велес, Крива Паланка, Охрид, Претор и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Кавадарци, 8 во Виница и Струмица, 10 во Штип, Демир Капија и Гевгелија.

УХМР за денеска најави променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). На планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41485
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото

15/02/2026

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy