Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голем интерес за отворениот ден, Петровска порача дека е задоволство да се биде помеѓу кавадарчани на приказот на воени возила и опрема
Македонија

Голем интерес за отворениот ден, Петровска порача дека е задоволство да се биде помеѓу кавадарчани на приказот на воени возила и опрема

28/05/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер, денеска заедно со граѓаните присуствуваа на Отворениот ден во Кавадарци, кој се организира во рамките на вежбата „Брз одговор 23“.

„Целта на оваа вежба е да се покаже заедништвото, сојузништвото и подготвеноста на армиите кои учествуваат, за меѓусебна соработка меѓутоа и за совладување на било какви предизвици кои може да се појават во иднина. Задоволство е да бидеме домаќини на повеќе сојузници од НАТО алијансата, и една партнерска земја – Косово, со коишто навистина ја извежбуваме оваа заедничка активност и ја покажуваме силата на сојузништвото“, рече министерката на отворениот ден.

Петровска порача дека е задоволство да се биде помеѓу кавадарчани на овој отворен ден и ѝ се заблагодари на амбасадорката Агелер за континуираната американска поддршка во развојот на Армијата.

„Задоволство е денес да се биде во Кавадарци помеѓу кавадарчани со дел од опремата која се користи за изведување на вежбата „Брз одговор 23“, а воедно и се заблагодарувам на амбасадорката Агелер за одличната и несебична поддршка која ја дава на Северна Македонија“, рече министерката Петровска.

Амбасадорката Агелер истакна дека токму фактот дека припадниците на копнените сили на САД за Европа и Африка како и припадниците на Националната гарда на Минесота, извежбуваат рамо до рамо со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија го покажува партнерството помеѓу САД и Северна Македонија.

„Овие 30 години партнерство, навистина сметам дека треба и вас да ве направат горди, треба да сте горди на земјата, на војниците, треба да сте горди на самите себе и на вашите сили. Ви благодарам многу за поддршката којашто ја давате заедно со сите НАТО сојузници на Украина, и во исто време би сакала да истакнам дека треба да сте горди на важната улога која Северна Македонија ја има во овој регион“, рече амбасадорката Агелер.

На отворениот ден граѓаните можеа одблиску да се запознаат со возилата и опремата која е дел од вежбата, вклучувајќи го и роботизираното софистицирано возило т.н. PROJECT ORIGIN, кое е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на Армијата на САД.

Вежбата „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“) која започна на 22 мај е најголемата вежба во Северна Македонија оваа година со учество на Армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно 1.850 учесници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy