
Голден стејт направил обид да ги спои Кари и Леброн!
И покрај возраста, Леброн Џејмс продолжува да игра на највисоко ниво. Неговата добра форма го предизвикала Голден стејт да се обиде да го спои со Стеф Кари.
Сопственикот на Голден стејт, имал телефонски разговор со првата дама на Лејкерс, Џени Бас, го побарал Леброн Џејмс, но таа му одговорила негативно.
Од Голден стејт сакале да го слушнат и мислењето на Леброн, но и тој им рекол дека е среќен во Лејкерс и не сака да замине од клубот.
