Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Џафери – Фон дер Лајен во Брисел: Македонија има постигнато многу и треба да продолжи по европскиот пат
Македонија

Средба Џафери – Фон дер Лајен во Брисел: Македонија има постигнато многу и треба да продолжи по европскиот пат

14/02/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска во Брисел се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Премиерот Џафери е во прва работна посета на Брисел и ја предводи владината делегација составена од првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На средбата се разговараше за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, случувањата во Северна Македонија во врска со одржувањето на претседателските и парламентарни избори, како и за тековните состојби во регионот.

Во таа насока, беше констатирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Премиерот Џафери истакна дека, Владата во следниот период ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост, да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, како и дека Владата ја подржува започнатата постапка за измена на Уставот, за што посветено ќе работат да се обезбеди потребното мнозинство.

Претседателот на Владата и се заблагодари на претседателката на ЕК, Фон дер Лајен за иницијативата – План за раст, за што беше посочено дека претставува конкретна понуда за забрзана интеграција на Регионот, што високо се цени од страна на Северна Македонија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. му го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и изрази уверување дека Владата и во иднина ќе продолжи со активностите за постигнување на потребните реформи од пристапните преговори, но и од реформската агенда од Планот за раст.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43976
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026

Безбедноста останува наш највисок приоритет, а во изминатите две години покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка се постигнуваат

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy