
ГОГ го здроби Алборг, па со Веспрем ги комплетираа четвртфиналињата во ЛШ!
ГОГ имаше два негатива од првиот меч со поразот со 28-30, но веќе до полувреме не само што ја достигнаа предноста во вкупниот резултат, туку и направија прв чекор кон четвртфиналето со 15-11 на паузата, а во вториот дел уште поубедливо одиграа и со убедливи плус осум го завршија мечот за да го заверат билетот за пласман меѓу осумте.
Питлик даде осум гола, а Јоргенсен и Вернсдорф по седум во убедливиот триумф на ГОГ.
Веспрем само формално го одигра реваншот во унгарската пресметка со ПИК Сегед, зашто после триумфот со 13 разлика во првиот меч (36-23), јасно беше дека имаат четвртфинална виза, па сега таа само ја потврдија со нова победа во која Лауге даде девет, а Маргуч седум гола.
Веспрем во четвртфиналето ќе се сретне со полски Кјелце, додека ГОГ за фајнлфор ќе се бори против Барселона. Во другите две четвртфиналиња ќе играат Магдебург со Висла Плоцк односно ПСЖ со Кил.

