Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Барса ја информирала шпанската федерација дека се сели од „Камп Ноу“
Спорт

Барса ја информирала шпанската федерација дека се сели од „Камп Ноу“

30/03/2023

AA

Шпанскиот гигант Барселона испратила писмо до шпанската федерација и до Ла Лига за да ги извести дека од новата сезона се сели од „Камп Ноу“ и од лето почнува џиновската реконструкција на „Камп Ноу“ вредна 1,5 милијарди евра, која каталонската гордост ќе ја направи среде најтешка финансиска криза на клубот.

Барселона во следните три години колку што е предвидено да трае големата градежна офанзива на својот дом, ќе ги игра мечевите на Олимпискиот стадион „Монтжуик“, некогашен дом на вториот клуб од Барселона, Еспањол, кој во моментов забрзано се подготвува за да ги исполни сите стандарди за мечеви, од терен, дренажа, соблекувални, медиумски простор…

Овој стадион кој ќе биде привремен дом на Барса беше домаќин на Летните Олимписки игри во 1992 година, реновиран за најголемиот спортски настан, зашто е изграден уште во далечната 1992 година, но во последните години многу ретко е користен. Во 2010 година беше домаќин на Европското првенство во атлетика, а Еспањол на него беше домаќин од 1997 до 2009 година.

Инаку Барселона ќе се задолжи 1,5 милијарди евра за инвестицијата во „Камп Ноу“ и целата околна спортска инфраструктура и тоа со краткорочен заем од пет години од 500 милиони евра од „Голдман Сакс“, уште толку на долг рок од 25 години од разни инвеститори, а последната третина од половина милијарда евра е исто така заем од инвеститори на среден рок од 10 до 12 години.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy