Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Годинава рекорден број апликации на компании за финансиска поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, одобрена е третата група од 122 договори
Македонија

Годинава рекорден број апликации на компании за финансиска поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, одобрена е третата група од 122 договори

25/07/2023

AA

На денешната 175-та седница Владата на Република Северна Македонија беше одобрена третата група на договорите на компании за државна поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Оваа година има рекорден број на апликации од компании, што значи дека расне довербата на бизнисот во институциите. Напорите на оваа Влада за креирање на партнерски однос и предвидлива економија вродува со плод.

Оваа година има рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании. На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија беше одобрена третата група од 122 договори, на 167-та Владина седница беше одобрена првата група од 82 компании, на 127-та Владина седница беше одобрена втората група од 90 договори и со ова се заокружува процесот со одобрени рекордни 294 договори за финансиска поддршка на инвестициски циклуси на компании.

Овие 122 компании, чии договори за поддршка на инвестиции преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, беа денеска одобрени од Владата, креираат нови и добро платени работни места. Само во првата инвестициска 2022 година тие имаат отворено 523 нови работни места, а до крајот на инвестициските циклуси, само овие 122 компании ќе отворат 1.845 нови работни места.

Инвестициите кои овие компании ги прават се исклучително важни во овој период на закрепнување од кризата. Нивните инвестиции укажуваат на агилноста и отпорноста на компаниите, како и можностите во нашата домашна економија.
Овие 122 компании во првата инвестициска 2022 година инвестирале 44.6 милиони евра, а до крајот на инвестициските циклуси ќе инвестираат 186 милиони евра.

Измените во Законот за финансиска поддршка на инвестиции кои беа направени во 2021 година се грижат за рамномерниот регионален развој и осигуруваат поголема поддршка за компаниите во помалку развиените региони. Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании во земјата, независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење.

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во изминатите 6 години, од неговото воведување во 2017 година, склучени се договори за поддршка со 630 компании, кои се опслужуваат од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, како one – stop shop.

Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените, останува врвен приоритет на Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45863
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ГИ ПРОДАДЕ

29/09/2026

Поранешната влада сама прифати услов за промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции во евроинтеграциите, вели премиерот

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy