
Година од соништата за Дани Карвахал
Со оглед на тоа што само тој и Начо беа претставници на Реал во националниот тим (Начо во меѓувреме го објави трансферот во Саудиска Арабија), Карвахал во 2024 година ги освои пехарите во Лигата на шампионите и на Европското првенство. Во финалето од ЛШ дури и постигна еден од двата гола и ја проби одбраната на Борусија Дортмунд. За разлика од Начо, на првенството во Германија беше незаменлив, па некои срамежливо го спомнуваат и како кандидат за Златната топка.
Покрај двата континентални трофеја, Карвахал триумфираше и во шпанското првенство и во Суперкупот, за комплетирање на годината од соништата на 32-годишниот бек.