Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈДОЛГО СЕ ПРЕСТОЈУВА ВО ПРИВАТНИ СОБИ, КАЈ ХОТЕЛИТЕ ОМИЛЕНИ СЕ ОНИЕ СО ЧЕТИРИ ЅВЕЗДИ – туристите се враќаат, ќе успееме ла да привлечеме повеќе
Економија

НАЈДОЛГО СЕ ПРЕСТОЈУВА ВО ПРИВАТНИ СОБИ, КАЈ ХОТЕЛИТЕ ОМИЛЕНИ СЕ ОНИЕ СО ЧЕТИРИ ЅВЕЗДИ – туристите се враќаат, ќе успееме ла да привлечеме повеќе

15/07/2024

AA

Бројот на туристи
речиси се дуплирал за период од десет години, покажува анализата на Државниот
завод за статистика.
Од 701.794 туристи во 2013 година, нивниот број достигнал 1.168.730
посетители
. Иако бројките на туристи во другите земји растат уште повеќе,
сепак, растот воопшто не е за потценување, имаќи предвид дека Македонија сепак
не е земја која излегува на море. Дополнително голема кочница за туристичкиот
сектор беше пандемијата со Ковид, кога се затвораа граници, се апелираше на
изолации, но по силниот удар на рестирктивните мерки, бројот на тристи повторно
почна да расте.

Бројките говорат
дека имаме поголем раст на странските труристи, отколку кај домашните. Па така
ако во 2013 година имало 302 илјади домашни туристи, нивниот број пораснал на
434 илјади во 2023 година. Од друга страна странските турсти се повеќе од
дуплирани. Во 2013 имало 399 илјади странски посетители, додека во 2023 година
нивниот број достигнал 734.139 гости.

– Бројот
на туристите во 2023 година изнесува 1.168.730, од кои 37,2 отсто се домашни туристи,
а 62,8 проценти се странски туристи. Во споредба со претходната година, се
забележува зголемување на странските туристи за 36,6 отсто.

Бројот
на ноќевањата во 2023 година изнесува 3.135.767, од кои 55,1 процент се од
домашните туристи, а 44,9 отсто од странските туристи. Во споредба со
претходната година, бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,9
проценти – посочуваат статистичарите.

Податоците
покажуваат дека гостите во Македонија имаат различни барања и за одмор користат
како хотелско сместување, така и сместување во индивидувални домови, поточно во
куќи или станови за одмор. Имено, во хотелите во Македонија престојувале 917.260
туристи, кои лани оствариле 1.788.552 ноќевања. Кога се хотелите во прашања,
најпосетени биле оние со четири ѕвезди, каде што имало над 440 илјади посетите,
кои оствариле 880.960 ноќевања.

Убедливо најдолги
ноќевања се остварени во куќите и апартманите за сместување, каде биле
реализрани 1.073.768 ноќевања, а нив ги оствариле 175.679 посетители.

Најбројни се гостите
од Труција, по што следуваат туристите од соседна Србија, па Грција, Германија,
Полска, Бугарија, Холандија, Хрватска…

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44994
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

13/08/2026

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) излезе со официјална реакција по повод неодамнешната изјава на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy