Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од 6% – Мицкоски: Целта ни е да стигнеме до пет милиони преноќувања
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од 6% – Мицкоски: Целта ни е да стигнеме до пет милиони преноќувања

12/02/2026

AA

Македонскиот туризам минатата година бележи вкупен раст од 6.0 % во споредба со 2024 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Овој позитивен биланс се должи пред сè на значителниот прилив на странски туристи, чиј број пораснал за 10.3 %, додека кај домашните посетители е забележан пад од 2.2 %.

Сличен тренд се забележува и кај бројот на ноќевањата, кој на ниво на цела година е зголемен за 0.8 %, приближувајќи се до бројката од 3.5 милиони преноќувања. Статистиката регистрира раст на ноќевањата кај странците од 6.4 %, додека кај домашните туристи е евидентирано намалување од 4.1 %.

Во декември 2025 година се евидентирани околу 60.000 туристи, при што доминирале странските гости со учество од 63.3 %. Најголем број од нив пристигнале од Турција, Бугарија и Србија. Во истиот месец биле остварени вкупно 112.001 ноќевања.

Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги овие резултати, истакна дека туризмот останува еден од врвните приоритети на Владата.

„Она коешто посебно охрабрува е двоцифрениот раст на странски туристи од над 10%. Целта ни е да стигнеме до пет милиони преноќувања, што би претставувало историски рекорд. Како Влада сме проактивни, работиме на поддршка за изградба и реновирање на сместувачките капацитети и очекувам 2026 година да донесе уште поголем раст,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека за тековната година повторно се очекуваат организирани групи странски туристи, со што ќе продолжи трендот на зајакнување на овој сектор како значаен придонесувач за економскиот развој на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy