Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГО ТОВАРАТ ЗА УБИСТВО НА ЦИВИЛИ ВО ПРИЗРЕН: Уште еден Србин е обвинет за воени злосторства во Косово
Регион

ГО ТОВАРАТ ЗА УБИСТВО НА ЦИВИЛИ ВО ПРИЗРЕН: Уште еден Србин е обвинет за воени злосторства во Косово

08/06/2024

AA

Уште еден Србин е обвинет за воени злосторства во Косово.

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против осомничен за воени злосторства врз цивилното население за време на војната во Косово во 1998-1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинителството го обвинува осомничениот М.П., кој има двојно српско и косовско државјанство, за учество во убиството на тројца цивили во населба во Призрен во 1998 година. Обвинителството го товари за кривично дело „воено злосторство врз цивилно население“, казниво со член 142 во врска со член 22 од Кривичниот закон на СФР Југославија, кој бил на сила во тоа време.

„Осомничениот е обвинет дека учествувал во убиството на жртвите Решат Дачај, Бинак Дачај и Фатмир Бојаџиу за време на војната во Косово, во периодот околу 1 септември 1998 година, во околината на населбата „Хоќа Махала“ во Призрен“, се наведува во соопштението објавено синоќа.

Осомничениот, кој е уапсен во септември лани, ќе остане во притвор до нова одлука на судот.

Од крајот на последната војна во Косово, околу 70 лица се осудени за воени злосторства пред локалните и меѓународните судски институции.

Српската полиција пред неколку дена на Мердаре уапси косовски Албанец за воени злосторства. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy