Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го прескокнува појадокот, го сака месото: Што јаде Доналд Трамп?
Магазин

Го прескокнува појадокот, го сака месото: Што јаде Доналд Трамп?

08/11/2024

AA

Познато е дека Доналд Трамп сака да се пофали со одличното здравје. Во една прилика рече дека претседателските кандидати имаат обврска да бидат здрави, а за резултатите од неговите тестови зборуваше во различни емисии. Откако повторно се актуелизираше темата, особено на сметка на портокаловата боја на кожата која е очигледна кај Трамп, сега многу луѓе се заинтересирани за исхраната на новиот претседател на Соединетите Американски Држави, а што е прилично изненадувачки.

Како прво, Доналд Трамп не пребира многу кога е храната во прашање. За разлика од многу претседателски кандидати, кои секојдневно имаат лични готвачи и посебни менија, Трамп ужива во брзата храна, исто како и секој Американец. Сепак, тоа не го брише фактот дека многумина се изненадени од неговата исхрана. Еве што јаде за еден ден.

Го прескокнува појадокот

Доналд Трамп во 2016 година му кажа на Џеси Волтерс од Фокс њуз дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Во повеќето случаи, ручекот му е прв оброк, а омилен оброк во денот му е вечерата. Сепак, понекогаш се решава да појадува, а тогаш најчесто избира јајца и сланина, житарки или Мекмафин од Мекдоналдс. Трамп никогаш не пие чај или кафе.

Месото му е омилено јадење

Прехранбените навики на Доналд Трамп беа откриени во книгата „Let Trump Be Trump“, напишана од поранешниот менаџер на кампањата Кори Левандовски. Тој тврди дека претседателот често може да помине 14 до 16 часа без да јаде. Тој е голем љубител на месото, а тоа е познато од 2005 година, кога тој и Меланија се појавија како гости на Марта Стјуарт. Таму подготвија оброк, за кој Трамп рече дека му е омилен.

Ништо без брза храна

Доналд Трамп јаде брза храна речиси секој ден, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Бургер Кинг и КФЦ. За вечера најчесто избира Мекдоналдс, а тогаш нарачува два Биг Мек, два Филе-О-Фиш и мал чоколаден шејк. И пицата е дел од неговата исхрана, но никогаш не ја јаде кората. Обожава хамбургери, кои бара да бидат добро зготвени, а како прилог зема кечап.

 

Не пие кафе или чај, но затоа сака да пие диетална кока-кола наутро. Наводно, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, тој имал инсталирано копче за диетална кока-кола, која му ја носеле и до 12 пати на ден. Со неа, тој сака да јаде грицки, особено чипс. Инаку, Трамп наводно секој пат отвора ново пакување грицки, дури и ако има уште малку во претходната кесичка. Тоа го прави затоа што има голем страв од бактерии.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy