Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го грабнале и барале пари од него. Еден од грабнувачите е полицаец
Магазин

Го грабнале и барале пари од него. Еден од грабнувачите е полицаец

04/05/2024

AA

 

Три лица, меѓу кои и полицаец, се осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода. 

Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата „Беласица“ во Скопје.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три

21/02/2026
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА

21/02/2026
Македонија

Автопатот Гостивар-Букојчани готов до 2029 година – експропријацијата речиси завршена

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: 21-годишник крвнички ја претепал и ја

21/02/2026
Македонија

ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ: Се запали плинска боца во

21/02/2026
Македонија

ГО ВНЕЛЕ ВО КУЌА, ГО ТЕПАЛЕ И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ

21/02/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СТАВИ ТОЧКА НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ: Нема предвремени избори, фокусот е

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41752
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три бода во натпревар кој заврши

21/02/2026

Фудбалерите на Вардар запишаа минимална, но значајна победа од 1-0 против екипата на Башкими во рамките на 19. коло од

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ Вработените во локалот спречија поголем

21/02/2026

Помал пожар избувнал во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запалило црево поврзано

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА ДЕВОЈКА Се изживувал 15 часа

21/02/2026

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy