Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРАМА НА ПЛАЧКОВИЦА: 66-годишно лице се изгуби на планината, екипите на терен го бараа
Македонија

ДРАМА НА ПЛАЧКОВИЦА: 66-годишно лице се изгуби на планината, екипите на терен го бараа

04/05/2024

AA

Вчера, од крајот на денот, по јавувањето на 112 во ЦУК, имаше потрага по изгубено повозрасно лице на планината Плачковица, што заврши успешно – спасителите од Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани го пронајдоа околу еден час пред полноќ.

Конкретно, кон крајот од денот – во 18.08 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице на 66 годишна возраст. Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица.

Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот возраст не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани. Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа.

Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани. Лицето, поради подолгиот престој на студено време во планината, од спасителите било згрижено и прво затоплено, а потоа и безбедно спуштено до с.Зрновци, каде што имало возила на Полиција и на Итната медицинска помош од Кочани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Најстудено утрово во Берово

26/04/2026
Македонија

ВИДЕО Скандал на гробиштата во Синѓелиќ: Забетонирани и поместени гробови,

25/04/2026
Македонија

Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во

25/04/2026
Македонија

Евакуација во City Mall

25/04/2026
Македонија

34 годишен татко на две деца е загинатиот на градилиштето

25/04/2026
Македонија

ХАОС ВО РОСОМАН: 23-годишник со „БМВ“ рушел столбови и влета

25/04/2026
Македонија

Клиника за пластична хирургија: Итно на лекар ако почувствувате симптоми

25/04/2026
Македонија

Притвор за 58-годишен скопјенец поради силување на 13-годишно девојче

25/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42879
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Најстудено утрово во Берово

26/04/2026

Минималните утрински температури низ Македонија денеска се движат од 0 до 8 степени Целзиусови. Најстудено било во Берово со 0

ВИДЕО Скандал на гробиштата во Синѓелиќ: Забетонирани и поместени гробови, семејствата обвинуваат за вандализам и

25/04/2026

Шокантна глетка ги пречекала семејствата на починатите на градските гробишта во скопската населба Синѓелиќ. Наместо достоинствени вечни почивалишта на своите

Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

25/04/2026

МВР вечерва соопшти дека лажна е дојавата за бомба во трговскиот центар Сити Мол. Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy