Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гир се надева дека уставните измени ќе се направат што поскоро: Земјата да го искористи моментумoт за проширувањето
Македонија

Гир се надева дека уставните измени ќе се направат што поскоро: Земјата да го искористи моментумoт за проширувањето

13/10/2023

AA

Следниот чекор во процесот на евроинтеграцијата на земјата зависи од усвојувањето на уставните измени, меѓутоа тоа е прашање кое е во рацете на самата земја, на Собранието. Се надеваме дека ќе можат да се направат што е можно поскоро за земјата да го искористи создадениот моментум и конечно решително да се придвижи на нејзиниот евроинтегративен пат, изјави шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Дејвид Гир за време на денешната посета на Општина Шуто Оризари.

-Што се однесува на уставните измени, како што веќе знаете, тоа прашање произлезе како дел на билатералниот Договор помеѓу Северна Македонија и Бугарија којшто се постигна во јули 2022 година. И токму тој договор ја отвори можноста Република Северна Македонија да може решително да се придвижува на нејзиниот евроинтегративен пат, односно да ги отвори пристапните преговори како резултат на што го имавме и отворањето на скрининг процесот. Следниот чекор во овој процес навистина зависи од усвојувањето на уставните измени, меѓутоа тоа е прашање кое што е во рацете на самата земја, во рацете на Собранието и тие коишто се засегнати со тоа. Тоа е суверена одлука која што треба да се носи, но штом ќе се донесе веќе преминуваме кон следниот чекор што значи дека земјата продолжува да се придвижува напред на патот кон ЕУ и нема други дополнителни одлуки коишто треба да се носат понатаму, рече Гир на новинарско прашање за процесот на уставни измени кој тапка во место и што ќе се случи доколку на декемврискиот самит на ЕУ на кој се очекува да се донесат големи одлуки за земјите од ЗБ, да нема одлука за земјава.

Гир воедно посочува на создадениот моментум во однос на забрзување на процесот на проширување како разултат на руската агресија во Украина.

-Живееме во исклучителни времиња, всушност дури би ги нарекол трагични времиња како резултат на руската агресија врз Украина, но токму овие исклучителни моменти го произведоа и исклучителниот нов моментум во сферата на самото проширување и создадоа можност земјите да можат рапидно брзо да се движат на нивниот евроинтегративен пат. Така што навистина јас искрено се надевам дека ќе биде возможно, што поскоро да се усвојат уставните амандмани за да може земјата конечно да се придвижи напред затоа што јас силно верувам дека местото на оваа земја е во рамките на ЕУ и се разбира истовремено да може оваа земја да ги имплементира сите реформи коишто се потребни на патот кон ЕУ за да може конечно да стане полноправна членка на Унијата, порача Гир.

Прашан како го коментира ставот на Пендаровски дека кога станува збор за уставните измени, тие подобро да се решат во следниот парламентарен состав и што ќе значи тоа за евроинтеграциите, Гир вели не може да коментира изјави на различни политичари, дури и изјава на претседателот на државата. При тоа додава, „единствено што можам да кажам е дека ние сите искрено се надеваме дека сите овие измени ќе можат да се направат што е можно поскоро за да може оваа земја конечно решително да се движи на нејзиниот евроинтегративен пат“.

Во однос на одржување на редовни претседателски и парламентарни избори заедно во еден ист рок што е барање на опозицискиот блок и што ќе се случи со земјата доколку нема цензус на претседателските избори, Гир подвлкекува дека и ова е прашање кое што во целост ги засега самите политички партии, односно Владата која што одлучува кога ќе одлучи да ги распише самите избори, како и дека самите избори треба да се случат кога сите политички партии ќе одлучат за датумот на самите избори.

Што се однесува на скрининг процесот евроамбасадорот Гир изразува како што вели, има само пофални зборови.

-Всушност би сакал да го поздравам самиот ангажман и посветената работа од страна на владините претставници. Мислам дека нивната работа досега беше навистина многу добра и како што се приближуваме кон крајот на самиот тој процес мислам дека таа работа е многу позитивна, рече Гир.

За тоа до каде е работата на оценската мисија за Судскиот совет и кога ќе пристигне извештајот, Гир вели сите се во исчекување, но дека е многу рано да даде каква било оценка за тоа каков ќе биде исходот на нивната посета. Тие имале навистина многу добра посета, многу сеопфатни состаноци со сите чинители тука, на многу транспарентен начин, така што смета тој, тие веќе имаат многу јасна идеја во врска со ситуацијата тука.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy