Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германскиот парламент усвои закон со кој се олеснува законската промена на полот
Македонија

Германскиот парламент усвои закон со кој се олеснува законската промена на полот

13/04/2024

AA

Германскиот парламент со мнозинство гласови усвои закон со кој се олеснува законската промена на полот и во одредени околности пропишува високи казни за откривање на нечие претходно име или пол без негова согласност.

Законот е усвоен со 374 гласа „за“, 251 „против“ и 11 воздржани, а со него се укинува претходната одредба дека за промена на полот е неопходно лекарско уверение и одобрение од семејниот суд, јави Би-Би-Си.

Сега оние над 18 години можат да се променат во машки, женски или „различен“, опција за трет пол што веќе постои во германскиот закон.

Три месеци по барањето за промена на полот, апликантите ќе треба лично да дојдат во писарницата и имаат право да побараат воопшто да не им се заведат податоците за полот.

Намерното откривање на нечие претходно име или пол, без согласност, може да резултира со парична казна до 10.000 евра, но има исклучоци, на пример ако тоа е законска обврска поради судска постапка или полициска истрага.

За деца на возраст од 14 до 18 години, сè уште е потребна согласност од родителите или законските старатели.

Новите правила ќе стапат на сила на 1 ноември.

„На овој начин покажуваме почит кон транс, интерсексуалните и небинарните луѓе, без да им одземаме ништо на другите. Продолжуваме со модернизацијата на земјата, а тоа вклучува и препознавање на реалноста на животот“, рече канцеларот Олаф Солц по усвојувањето на законот.

Конзервативците и екстремно десничарската Алтернатива за Германија се спротивставија на законот, со предупредување дека тој може да биде злоупотребен.

„Малолетниците, без соодветна консултација, можеа да изберат нешто за што подоцна би можеле да зажалат“, рече Марајке Вулф од ЦДУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy