Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНСКИОТ ФАРМАЦЕВТСКИ ГИГАНТ „ГЕРЕЈСХАЈМЕР“ ЌЕ ГРАДИ ВТОРА ФАБРИКА – најголема инвестиција во зоните досега од 126 милиони евра
Економија

ГЕРМАНСКИОТ ФАРМАЦЕВТСКИ ГИГАНТ „ГЕРЕЈСХАЈМЕР“ ЌЕ ГРАДИ ВТОРА ФАБРИКА – најголема инвестиција во зоните досега од 126 милиони евра

25/02/2023

AA

Денеска почна изградбата на втората фабрика на германскиот фармацевтски гигант „Герејсхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона-2, Скопје. 

На настанот присуствуваа и Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, како и Ото Граф, Привремен Вршител на работите во Амбaсадата на Германија.

Во новата фабрика на „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло, шприцеви за вакцини и фармацевтски продукти за потребите на светски фармацевтски реномирани компании. 

Се работи за инвестиција од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските развојни зони.

Планирано е отворање на над 180 нови работни места, со просечна плата далеку над државниот просек.

Премиерот Ковачевски беше во обиколка на првата фабрика на „Гересхајмер“, каде му беше презентиран современиот процес на производство на медицинска пластика во погоните, проект кој германскиот концерн го почна во Северна Македонија пред четири години. 

Првичната инвестиција од 25 милиони е веќе зголемена на над 60 милиони евра.

„Владата и во услови на најголемата светска енергетска криза ги поттикнува инвеститорите да ги вложуваат своите средства и да креираат додадена вредност за македонската економија, создавајќи поволни услови за нашите работници и нашиот кадар, да се чувствуваат ценети со висината на платите и условите за работа меѓутоа и со можноста преку дополнителни тренинзи да напредуваат во својата кариера. 

Првичните анализи покажуваат дека на секој 1 денар вложен од државата, компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот. Тоа до пред 6 години не беше случај, тоа значи дека имаме инвестиции кои носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. 

Вкупно 16.400 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава“, рече Ковачевски во своето обраќање за време на посетата на фабриката на „Гересхајмер“.

Директорот на ТИРЗ, Деспотовски зборуваше за значењето на оваа најголема поединечна инвестиција.

„Најголема инвестиција во историјата поединечно, во историјата на ТИРЗ, меѓутоа и најголема Гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата“, рече Деспотовски.

Потпретседателот на „Гересхајмер“, Оливер Бургел, истакна дека покрај доброто искуство во работењето, дополнителен поттик за проширување на инвестицијата е поддршката и условите што како инвеститор ги добиле од државата.

„Клучно за носењето на одлуката за проширување на инвестицијата во Северна Македонија беше доброто искуство коешто го имавме со нашата прва инвестиција, работните услови во земјата, состојбата со инфраструктурата, транспарентност на трошоците, расположливоста на квалификуван кадар и поддршка од надлежните. Ова не поттикна да ја прошириме инвестицијата токму овде, во Северна Македонија, во близина на постоечката фабрика, која што стартуваше во 2019 година, а која произведува примарно производство на пластика за фармацевтската индустрија“, нагласи Бургел. 

Привремениот Вршител на работите во Амбaсадата на Германија, Ото Граф, во своето обраќање се осврна на значењето на оваа инвестиција во билатералната соработка.

„Денес е среќен ден за Северна Македонија и Германија. „Гересхајмер“ инвестира во нов производствен капацитет. 

Тоа се должи на билатералната соработка меѓу двете земји, за што се случуваат и бројни германски инвестиции во Северна Македонија“.
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy