
ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Екпериментот на компаниите почнува на 1. февруари
Германските
компании од 1. февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела
и ќе ја мерат продуктивноста на работниците.
Експериментот во
кој ќе учествуваат 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат
сегашните плати и покрај намалениот час, пренесува Индекс. Целта на овој
експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои
работат помалку не само што се посреќни или поздрави туку и поефикасни на
своите работни места.
„Апсолутно сум
убеден дека инвестирањето во нов бизнис се исплати бидејќи ја зголемува
благосостојбата и мотивацијата, а со тоа и ефикасноста“, рече Сорен Фрике,
ко-основач на фирмата за планирање настани Solidsense, една од 45-те фирми кои
ќе бидат дел од студијата. постер
„Четиридневната
недела, ако функционира, нема да не чини ништо на долг рок“, додава тој.
фото: Фактор
