Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германија се помалку привлечна за експерти и претприемачи
Македонија

Германија се помалку привлечна за експерти и претприемачи

09/03/2023

AA

Германија станува сè помалку атрактивна за странските експерти и претприемачи, покажува денеска објавената студија на фондацијата Бертелсман и ОЕЦД.

„На листата од 38 земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во последните години, Германија падна од 12-то на 15-то место во однос на атрактивноста за странски експерти и претприемачи кои имаат намера да лансираат старт-ап компании“, се вели во студијата на фондацијата Бертелсман.

„Низок степен на прифаќање на странци“

Наведените причини се проблеми со дигитализацијата, премногу бавно издавање визи и високи пречки за стекнување државјанство, а со тоа и долгорочна перспектива за останување. Во студијата се наведува и „ниско ниво на прифаќање на странци“ во Германија.

„На Германија и требаат странски експерти за да обезбеди просперитет, а меѓународната споредба покажува што Германија треба да направи за да ги привлече овие експерти“, рече директорот на фондацијата Бертелсман Ралф Хек за време на презентацијата на студијата во Берлин.

Втора најатрактивна за странски студенти

Во студијата, Германија беше оценета како добро само кога станува збор за привлечноста за странските студенти. Во однос на ова, Германија е на второ место, зад САД, а како предност се наведуваат квалитетните универзитети и ниските трошоци за студирање.

Сојузната влада подготвува реформа на законот за имиграција што треба да ја направи Германија поатрактивна за странските работници.

Според досегашните податоци на Сојузниот завод за вработување, во Германија моментално се непополнети околу 1,8 милиони работни места.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy