Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород
Економија

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

27/11/2024

AA

Германската банка за развој (KfW) објави дека ќе обезбеди
заем од 24 милијарди евра за развој на транспортна мрежа на водород, што
укажува на подготвеноста на државата финансиски да ги поддржи компаниите и да
го преземе ризикот од нивните инвестиции.

Германија има големи надежи за водородот, кој делумно треба
да го замени гасот и да обезбеди повеќе време за изнаоѓање решение за
поврзување на електричната енергија од нестабилни обновливи извори на
електричната мрежа.

Регулаторот на крајот на октомври ја одобри изградбата на
водородната цевководна мрежа, а одлуката покажа дека со отстранување на вишокот
и непотребни поврзувачки линии, го скратиле нејзиното „јадро“ за 600 километри,
на 9.040 километри.

Некои делници треба да бидат завршени пред предвиденото во
2032 година, а вкупната цена на проектот се проценува на 19,8 милијарди евра.
Најголем дел од сумата треба да префрли приватниот сектор, а државата со
субвенции ќе ги ограничи трошоците за мрежата.

Енергија на иднината

„Пазарот постои, а целокупното производство на водород би
можело да се искористи за потребите на ИНА, Петрохемија и ХЕП.

Омишаљ треба да стане една од клучните влезни точки за
идните извори на енергија во ЕУ.

Според Здружението на оператори на преносни системи,
преносниот капацитет на мрежата ќе одговара на производството на 278 терават
часови енергија годишно и една третина од тековната потрошувачка на природен
гас во Германија. Повеќе од половина
од мрежата ќе бидат сегашните гасоводи и ќе ги поврзуваат пристаништата,
индустријата, магацините и електраните, а нивните оператори и сопственици
допрва треба да резервираат милијарди евра за инвестиции во реконструкција и
изградба на нови делници.

За да се ограничат трошоците за мрежата, Државната банка за
развој ќе ги надомести трошоците на операторите преку амортизациона сметка.

Планот е целосно да
се обесштетат до 2055 година, објави KfW.

Како што растат приходите од надоместоците од мрежата,
вишокот ќе биде пренасочен на сметката и ќе го олесни враќањето, додаваат тие.

Доколку сметката не се избалансира до планираниот крај на
зголемувањето на производството на водород во 2055 година, владата ќе преземе
76 отсто од ризикот, а останатите 24 отсто ќе ги сносат операторите на мрежата.

Најавата на државната развојна банка следуваше по се
поизразените сомнежи на компаниите дека владиниот план за водород е нереален и
прескап.

На почетокот на месецот енергетската компанија „Унипер“
најави дека планираните осум милијарди инвестиција ќе ги „растегне“ на подолг
временски период, бидејќи побарувачката за водород е послаба отколку што се
очекуваше.

На почетокот на октомври, Данска го помести рокот за
завршување на изградбата на делот од „водоводниот гасовод“ од Есбјерг до
германската граница за три години, на почетокот на 2031 година, при што
Министерството за клима и енергетика истакна дека тие сакаат да спроведат
истражување за безбедноста и влијанието врз животната средина.

Временската рамка за изградба е „далеку од идеална“, призна
тогаш данскиот министер за клима Лас Агаард во изјава за новинската агенција
Рицау, но понекогаш мора да бидеме реални, додаде Агаард.

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy