Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германија ги ублажи правилата за стекнување државјанство, ги укина ограничувањата за двојно државјанство
Македонија

Германија ги ублажи правилата за стекнување државјанство, ги укина ограничувањата за двојно државјанство

21/01/2024

AA

Германскиот парламент денеска усвои закон за олеснување на правилата за државјанство и укинување на ограничувањата за двојното државјанство, што според владата ќе ја поттикне интеграцијата на имигрантите и ќе помогне да се привлечат квалификувани работници.

За усвојување на законот предложен од владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц гласаа 382 пратеници, против беа 234, а воздржани 23.

Водечкиот опозициски блок, кој го сочинуваат конзервативните демохристијански партии, остро го критикуваше усвојувањето на законот со кој се овозможува право да се добие државјанство по пет години поминати во Германија, наместо претходните осум, односно по три години наместо шест. во случај на „посебни интеграциски достигнувања“.

Според законот, децата родени во Германија автоматски стануваат државјани доколку едниот родител бил законски жител во таа земја најмалку пет години, за разлика од претходните осум години.

Се укинуваат и ограничувањата за поседување двојно државјанство. Во принцип, повеќето луѓе од земји кои не се членки на Европската унија и од Швајцарија, до сега мораа да се откажат од своето претходно државјанство при добивањето германско, иако имаше одредени исклучоци.

Владата наведува дека 14 отсто од луѓето во Германија, повеќе од 12 милиони од 84,4 милиони жители, немаат германско државјанство, а околу 5,3 милиони од нив живеат во Германија најмалку десет години.

Во 2022 година, околу 168.500 луѓе добија германско државјанство, најмногу во една година од 2002 година, делумно поради големиот пораст на бројот на натурализирани сириски граѓани кои пристигнаа во Германија во изминатата деценија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy