
Германија: ЕУ е подготвена да одговори доколку трговските преговори со САД не бидат успешни
Германскиот министер за финансии Јерг Кукис изјави денеска дека Европската унија ќе биде подготвена да одговори на американските царини доколку преговорите со САД не дадат резултати.
„САД мора да бидат свесни дека ако преговорите не бидат успешни, ќе мора да ја рестартираме дискусијата за механизмите за одговор“, рече Кукис во Варшава пред состанокот на министрите за финансии на ЕУ, пренесе Ројтерс.
Тој предупреди дека одлуката на Трамп да ја суспендира примената на тарифите за голем број земји на 90 дена може да ја поттикне неизвесноста и да ги држи пазарите и директорите на компаниите на стража.